Кафето го убива магнезиумот

0
232

Претераното консумирање на кафе може да ја редуцира апсорпцијата на магнезиум во цревата, предупредуваат американските научници.

Симптомите на недостаток на магнезиум во организмот можат да вклучуваат појава на трпнење на прстите, симптоми слични на грип, грчеви во мускулите, промени на расположението, забрзана работа на срцето и констипација.

Истражувачите додаваат дека ваквото дејство од претераното консумирање на кафе може да се поништи со балансирана исхрана.

Добри извори на магнезиум се лиснатиот зеленчук, јаткастите плодови, семките, темното чоколадо, бананите, авокадото, лососот и туната.

Фото: Pixabey