Шеф Зоран Мајновски со вкусни варијанти за протеински оброци без месо

На четвртиот час од „Часовите за готвење слоу фуд“ со шеф Зоран Мајновски, на менито: хумус со брускети од домат и босилок, ќофте од леќа во сос од морков и бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини

0
358

Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ на менито ви нуди нова тура од 5  часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.

Серијата „Часови за готвење слоу фуд“ продолжува на 23. 02.2019 (сабота) во 15:00 часот,  со „Протеински растенија“.

Со помош на инструкциите на шеф Зоран Мајновски ќе имате можност да подготвите:

– хумус од наут со брускети од домат и босилок

– ќофте од леќа во сос од морков

– бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини

На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.

На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.

Цената за учество на оваа работилница е 1200 денари.

Со секој купен ваучер учесниците добиваат: намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.