Маслинките содржат бројни активни фитонутриенти кои имаат и противвоспалителни својства. Со нивното делување се намалуваат симптомите на астма, артритис и реума, три заболувања за чие настанување најголеми виновници се слободните радикали. Кога маслото од овој плод не би требало да се користи?
Ако не сте сигурни дека е квалитетно
Пред да го употребите за готвење или како средство за нега на кожата, важно е да бидете сигурни дека станува збор за екстра девствено масло. Според некои истражувања дури 80% од италијанските маслинови масла содржат некои други масла. Можеби се правени од помалку квалитетни маслинки, можеби му додале од минатогодишното масло или го измешале со некое растително масло за да добијат на количина.
За пржење
Одреден број на стручњаци од областа на кулинарството тврдат дека маслиновото масло престанува да биде здраво за нашето срце ако се загрева на висока температура. Нутриционистката Бриџет Бенети вели дека маслиновото масло како и сите други масла во текот на загревањето „се распаѓа“ и голем број важни состојки како омега-3 масните киселини и антиоксидансите, пропаѓаат во текот на овој процес.
За скара
Многу готвачи препорачуваат маринирање на месото и зеленчукот наменети за печење на скара во маслиново масло. Оваа постапка нема да ви штети, но нема ниту да ви донесе многу корист. Подобро е да ја намачкате скарата со масло кое поднесува толку високи температури, а дури кога храната ќе биде готова можете да ја премачкате со маслиново масло.
За правење на колачи
Според зборовите на производителите Olivers & Co., во одредени прехранбени производи може да се додава маслиново масло наместо маргарин и путер, но она што треба да го запомните е дека маслиновото масло има силна арома па може да го смени вкусот на колачите.
За нега на кожа која е склона на акни
Веројатно сте слушнале дека маслиновото масло е добро за здравјето и убавината на косата, а често може да го најдете и како состојка во производите како сапуни, пилинзи или лосиони. Во тоа нема ништо лошо, но маслиновото масло може да ги зголеми проблемите на оние чија кожа е склона на акни затоа што маслиновото масло може да ги затвори порите.
Фото: Pixabey