Која е вистинската намирница што ќе ве разбуди?

Бананите содржат и покомплексни јагленохидрати кои не снабдуваат со енергија, а да не ги споменуваме минералите и витамините кои ги има во изобилие.

0
316

Имате уште најмалку 2-3 часа до крајот на работното време, а вие едвај ги држите очите отворени? И тоа не ви се случило само еднаш. Бидејќи сте на работа и не можете да си легнете да дремнете, сигурно сте посегнале по уште едно кафе или по нешто слатко. Декстрозата дава брзо задоволство за оние кои ги погодува попладневниот замор, такашто моментално им обезбедува шеќер кој ја зголемува количината на енергија и помага за концентрацијата, но стручњаците предупредуваат дека е тој ефект лажен па затоа како замена препорачуваат да се изеде една банана.

Стручњаците предупредуваат дека дејството на декстрозата е само моментална па со тоа и нездрава. Секој вишок на шеќер ќе се претвори во маст, баш како и шеќарите во пекарските производи или во слатките.

Даниела Крехл од германската потрошувачка организација Verbraucherzentrale Bayern затоа советува алтернатива, односно поздрав начин за еднаква енергетска „помош“, а тоа се бананите.

„Бананите се полни со овошни шеќери кои брзо даваат енергија“, истакнува германската експертка. „Тие содржат и покомплексни јагленохидрати кои подолго не снабдуваат со енергија“. Бананите се богати и со витамини и со минерали, додава Крехл.

Нападите на замор е најдобро да се избегнуваат со здрав појадок, а добра опцоја за тоа се разни видови леб од целовити зрна, како и овесна каша.

Фото: Pixabey