Дали сте слушнале за магичната диета која функционира на принципот 80/20, која меѓу другото не дозволува гладување и повратен или јо-јо ефект? Оваа диета подразбира комбинација на храната по правилото 80 отсто здрава и 20 отсто нездрава храна. Токму тоа е начин на исхрана и тоа многу успешна, постепено и без несакани попратни појави се губат вишокот килограми, а се постигнува оптимална тежина и здравје.
Диетата е инспирирана од принципот Парето, кој го осмислил италијанскиот економист и социолот Вилфрид Парето (1848-1923), кој може да ни помогне да бидеме успешни во животот, на пример во управување со своето време и финансии. Диетата 80/20 е многу едноставна за примена и мотивирачка, па оттаму и многу успешна.
Ако „Парето“ или 80/20 исхраната е составена врз основа на 80% здрава храна и јадења и до 20% од храната која не може да се пофали со своите хранливи материи, како што се слатки, колачи и брза храна, во текот на нејзиното практикување нема гладување или потреба за „забрането овошје“ поради што најчесто се прекинуваат сите диети.
Покрај тоа што не е типична редукциска диета, таа за брзо време може да стане и начин на исхрана, а после нејзиното практикување нема враќање на веќе изгубената тежина. Знаејќи дека здравата и балансирана исхрана без каење може успешно да се комбинира со „нездрави“ грицки е многу мотивирачки и продуктивно и не само што придонесува за постигнување и одржување на идеална телесна тежина, општо здравје и фитнес, прави и добро расположение и задоволство кај себе.
Во секојдневната исхрана 80/20 правилно може да се функционира на дневна основа, како што е „потрошувачка“ на 4 здрави и еден „нездрав“ оброк, и во текот на неделата да се јаде здрава, а во деновите на викендот да се консумира нездрава храна.