На пазарот постојат многу сорти на пиперки, од жолта до зелена боја, а кај нас и оние најубавите, големите црвени пиперки од кои се прави ајвар, но се јадат и во безброј други варијанти.
Пиперките се исклучително здрави намирници кои содржат дури 92 проценти вода, а во 100 грама има нешто под 30 калории. Исто така, содржат 6 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини и малку масти и диетални влакна. Тие се одличен извор на витамини Ц и А и дел од витамините од Б комплекс.
А еве и кои се најголемите придобивки од пиперките:
1. Пиперките содржат четири пати повеќе витамин Ц од портокалите. Го зајакнуваат имунитетот и спречуваат сезонски заболувања.
2. Пиперките се богати со каротеноиди кои се важни за здравјето на очите и ги намалуваат шансите за макуларна дегенерација.
3. Активните супстанции во пиперката го намалуваат стресот, ја олеснуваат несоницата и го подобруваат расположението.
4. Дури 92 проценти од пиперките се вода. Пиперката е нискокалорична храна која го стимулира согорувањето на калориите и помага при слабеење.
5. Истражувањата покажаа дека зголемената потрошувачка на пиперки, особено зелените, го намалува ризикот од заболување од карцином на простата.
6. Витамините и минералите во пиперката ја штитат кожата и го подобруваат нејзиниот изглед.
7. Пиперката го стимулира растот на косата.
Пиперките се најздрави кога се јадат сирови, во салати и сендвичи, но може да се подготват и на многу други начини – тие се одлични за сос, за готвење и печење.