За да го избегнете високиот крвен притисок, треба да јадете храна со низок процент на сол. Нутриционистите советуваат дека против високиот крвен притисок треба да се борите и со три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум.
Овие седум намирници се богати со калциум, магнезиум и калиум, кои природно го намалуваат високиот крвен притисок.
Бел грав
Гравот содржи значителна количина на калциум, магнезиум и калиум, што има корисен ефект врз намалувањето на крвниот притисок. Можете да јадете грав во облик на вариво, да направите од него супи, да го додадете во салатите или да направите пире.
Обичен јогурт
Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои имаат позитивен ефект врз здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, но исто така искористете го за да подготвите нискокалорични преливи за салата и јадења со месо.
Киви
Покрај тоа што е богато со витамин Ц, кивито ќе помогне во намалување на крвниот притисок. Најдобро се јаде свежо во овошни салати.
Праски
Праските се омилено летно освежување за многумина. Добро е да се знае дека тие содржат многу хранливи витамини и минерали кои се добри за здравјето на луѓето. Најдобро е да ги јадете свежи или како смуди.
Банани
Со една банана со средна големина, вие ќе задоволите 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е одличен сојузник во борбата против стресот. Што е најдобро од сè? Кога бананата станува темна и презреена, не мора да ја фрлите. Замрзнете ја во замрзнувач и од неа направете леден десерт.
Кељ
Овој лиснат зеленчук се нарекува супер храна, затоа што има многу вредни антиоксиданти и во исто време многу малку калории. Младиот кељ најдобро се јаде како салата или малку обарена.
Брокула
Сто грама обарена брокула ќе задоволи 6 проценти од вашите дневни потреби за калциум, 8 проценти за магнезиум и 14 проценти за калиум. Исто така, овој зеленчук е богат со антиоксиданти кои го зачувуваат здравјето, па затоа дефинитивно треба да биде вклучено во менито што е можно почесто.
Фото: Pixabey