6 здравствени проблеми кога е добро да се јаде пченка

Пченката е вредна сезонска храна која нема да ве оптоварува со вишок калории и ќе ви обезбеди јаглехидрати, брзо достапна енергија и витамини.

0
478

Пченката е денес многу распространета намирница. Се конзумира како зеленчук или мелена во брашно од кое се прави вкусен пченкарен леб. Палентата, традиционално јадење базирано на пченка, е составен дел од старите медитерански менија и се уште го наоѓа своето место денес како додаток на специјалитети од риба и месо.

Пченката е нутритивно вредна храна која не го оптоварува телото со вишок калории, бидејќи еден кочан со просечна големина содржи 80 до 100 kcal. Свежа и слатка, пченката е богата со јаглени хидрати и малку маснотии и затоа е извор на брзо достапна енергија. Мастите што преовладуваат во пченката се полинезаситени и мононезаситени.

Белата пченка, на пример, не содржи бета каротен, додека жолтата ја содржи и на тој начин придонесува за задоволување на потребите за витамин А.
На пченката ѝ недостасуваат две основни амино киселини – лизин и триптофан. Затоа е добро да се комбинира во исхраната со мешунки, бидејќи на овој начин најдобро се задоволуваат потребите за протеини. Пченката е многу добар извор на тиамин (витамин Б1) и е добар извор на многу други витамини и минерали, вклучувајќи витамин Б5, фолна киселина, ниацин, витамин Ц, фосфор, калиум и магнезиум. Богатството на диетални влакна ја прави оваа намирница особено вредна.

Пченката е природен лек:

го намалува холестеролот
превенција е за рак на дебелото црево
има корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта
добар извор е на енергија
помага при стомачни и дигестивни проблеми
ја подобрува функцијата на дебелото црево

Пченката, како храна богата со антиоксиданти, фолна киселина, инхибитори на протеаза и многу фитохемикалии, може да се смета за борец против ракот и вирусите, и затоа треба да го добие своето место во менито на модерниот човек. Поради феруличната киселина која влијае на антиоксидантната активност, пченката има антиканцерогени својства.

Фото: Unsplash