5 видови конзервирана храна што можете да ја јадете без страв

0
2206

Конзервираната храна ја бие глас на безвкусна и нездрава затоа што на одредени намирници им се продолжжува векот на траење со помош на разни адитиви. Но тоа не е случај со сите видови на конзервирана храна. Еве во кои лименки можете да уживате без грижа на совет

  1. Грав

Ако немате време за варење, не чувствувајте грижа на совест и купете си грав во конзерва, исцедете ја засолената вода во која стоел и внимателно измијте го па искористете го за подготвување на варива, намази и слично. Гравот е идлична намирница затоа што е богата со прехранбени влакна и протеини.

2. Дива риба
Конзервираните сардини и туна се одличен додаток за фините салати. Кога можете одберете конзерви со риба уловена во отворено море затоа што оние другите се хранат со вештачка храна, а се третираат и со антибиотици.

3. Пелати
Доматите се основа на секој црвен сос и супа. Ако немате при рака свежи домати во сезона, можете да се послужите со конзервирани пелати. Бирајте ги оние конзерви со цели домати, наместо со исечкани.

4. Кокосово млеко
Ако уживате во азиски вкусови, кокосовото млеко е задолжителна намирница во подготвувањето на овој вид на храна. Се додава во разлини комбинации па ако имате можност, бирајте конзерви со кокосово млеко што содрат што помалку адитиви.

  1. Артичоки
    За чистење на цела артичока е потребно многу време и умешност. Освен тоа, станува збор за скап зеленчук кој има само мал јадлив дел. Срцата на артичоките се богати со влакна и пробиотици, па се сметаат за одличен додаток на салати и тестенини.
    Совет плус:
    Внатрешната страна на голем број конзерви содржат хемиско соединение бисфенол-а (BPA) кое е поврзано со проблеми на метаболизмот, хормоналните пореметувања, дијабетес тип , срцеви болести и слично. Ако сакате да го избегнете ризикот, бирајте конзерви без бисфенол А.