5 начини да го исчистите црниот дроб

Телото ви дава знаци дека е полно со токсини со следните симптоми: главоболка, замор, болка во зглобовите, запек, претерано производство на гасови и надуеност.

0
1502

Добро е одвреме навреме да го прочистите организмот, односно, црниот дроб кој е неопходен за правилно функционирање на нашиот организам.

Црниот дроб е неопходен з аправилно функционирање на нашиот организам, тој го третира „отпадот“ во нашето тело и го спречува да му наштети на нашиот организам. Но понекогаш му е потребна помош за да биде неговата функција поделотворна.

Црниот дроб ја чисти крвта од отрови, ги чува витамините и железото, ги разградува хормоните и го оддржува нивото на гликоза во крвта.

За да може овој орган да биде во топ форма, помогнете му на следниве начини:

За почеток, лимон

Лимонот е едно од најделотворните овошја, со многу здравствени придобивки, помеѓу останатите и за поттикнување на работата на црниот дроб. Содржи витамин Ц и му помага на телото да ги елиминира токсините.
Можете едноставно да исцедите лимон и да го испиете со топла вода веднаш по будењето или помеѓу оброците.

Рузмарин

Се користи како зачин поради ароматичноста, но е корисен и за црниот дроб. Со поттикнување на варењето го чисти телото. Можете да направите чај од сву рузмарин а за да исцедите колку што може повеќе од него ставете околу 15 г рузмарин во литар врела вода и испијте една чаша наутро, напладне и навечер.

Глуварче

Оваа билка има лоша репутација и се смета за коров, но може да се јаде во салата, маринада или во супа. Особено е добар за црниот дроб. Со филтрирање на токсините, помага во варењето на маснотиите. За подобра делотворност додадете 3 грама глуварче во 150 мл вода и пијте ја оваа смеса 3 пати дневно.

Зелен чај

Сѐ почесто слушаме дека треба да се пие многу вода за регенерација на телото, но ниту зелениот чај не е за фрлање. Треба паметно да с еодбере течноста за чистење на црниот дроб затоа што додека некои овошни сокови (смути) го поттикнуваат отстранувањето на масните клетки, зелениот чај е вистински поттик за црниот дроб и можете да го пиете 3 пати дневно.

Лук

За црниот дроб зеленчукот е подобар од црвеното месо или брзата храна, но лукот е особено делотворен. Селенот и алицинот од кои се состои го штитат црниот дроб, па не се воздржувајте и ставете го во својата салата, во сосовите, со риба, кадешто ќе стасате.