5 намирници што го намалуваат шеќерот во крвта

Овие пет намирници ќе помогнат во намалувањето на шеќерот во крвта, а вашиот организам помалку ќе копнее по благо

0
1264

Желбата за шеќер е сосема нормална работа која им се случува понекогаш на сите, но станува проблем кога се јавува почесто отколку што треба.

Ако се борите со тоа да ја намалите желбата за благо, но тоа ви изгледа невозможно, треба да го стабилизирате шеќерот во крвта.

Со помош на овие пет намирници, ќе го намалите шеќерот во крвта, а вашето тело помалку ќе има потреба од благо.

Авокадо – Без оглед дали уживате во згмечено авокадо на тост за појадок или во тортилја за ручек, авокадото им е омилено на многумина поради неговата текстура и вкусот. Тоа е извор на здрави масти а содржи и витамини Ц, Е и К. Додадете го во појадок, ручек, вечера или за ужина.

Батат – во споредба со обичните компири, слатките компири се богати со растителни влакна и содржат многу малку калории. Варените слатки компири имаат низок гликемиски индекс (ГИ), што е идеално за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Со него можете да јадете и пилешко или мешунки, сите се супер хранливи и полни со витамини и ќе ве одржат полни и енергични во текот на целиот ден.

Цимет – Овој моќен зачин може да се користи за намалување на желбата за слатко. Вкусен е и не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Може да се користи при печење здрави грицки или да се додаде во пијалаци и печен зеленчук.

Мешунки – Доколку сте заинтересирани за вегетаријанска или веганска диета, мешунките се добра опција и се исто толку заситни како и пилешкото. Тие имаат малку маснотии, без холестерол и содржат корисни минерали, вклучувајќи железо и магнезиум. Тие се фантастичен не-животински извор на протеини и сигурно ќе помогнат во балансирањето на шеќерот во крвта.

Пилешко – поради високиот извор на протеини пилешкото е одличн избор з ручек или за вечера затоа што помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Пилешкото е супер едноставно за приготввање па можете лесно да го додадете во секојдневната исхрана.

Фото: Pixabey