Една американска студија покажала дека пиењето 7 шолји црно кафе на ден може да предизвика халуцинации. После таа количина на испитаниците им се причинувале звуци, а некои почувствувале и нешто како присуство на духови.
Чоколадото содржи анандамиди, кои во големи количини во организмот даваат ефект многу сличен на пушењето марихуана. За да ги почувствува овие ефекти, едно лице со тежина од околу 60 килограми би требало да изеде наеднаш околу 11 килограми чоколадо.
Консумирањето незрела црница исто така може да предизвика халуцинации, но и дигестивни проблеми.
Феферонките предизвикуваат печење во устата и грлото, а супстанцијата капсаицин од таа билка го поттикнува телото на зголемено производство на ендорфин, што може да ве натера да се чувствувате многу расположено и по малку ‘дрогирано’.
Морското оревче содржи супстанција, миристицин со силен наркотички ефект, поради што консумацијата на поголеми количини од овој зачин може да доведе до мачнина, главоболка и силни халуцинации.
Фото: Pixabay