5 здрави намирници кои е подобро да ги избегнуваме кога сме болни

Спанаќот, јаткастите плодови и брокулата не се добредојдени кога телото е ослабено, па затоа е подобро да ги замените со храна што лесно се вари ...

0
389

Кога ќе не фати вирус, ја знаеме постапката: пилешка супа, многу чај, ѓумбир, прополис и мед. Дали, треба и да ја наполниме чинијата со храна што „пука“ од витамини и минерали, избегнувајќи шеќер и процесуирана храна? Не по секоја цена. Лекарите предупредуваат на храна што може да ни наштети и да ги продолжи симптомите на болеста кога е организмот ослабен. Покрај тоа, треба да се има предвид дека сите не реагираме подеднакво на одредена храна, затоа најважно е да го слушате вашето тело и доколку забележите дека нешто не ви одговара, исфрлете го тоа со постапка на елиминација.

Спанаќ

Хистаминот му помага на организмот да се ослободи од алергени. Ако не толерирате одредена храна, хистаминот ќе ве „предупреди“ и ќе предизвика алергиска реакција. Ако сме нетолерантни на хистамин, може да доживееме алергиска реакција или замор, недостаток на енергија и главоболки. Иако не содржи многу хистамин, спанаќот помага за неговото ослободување. Во категоријата „ослободители на хистамин“ спаѓаат и јагодите, како и доматите, кои е подобро да се избегнуваат додека сме болни.

Јаткасти плодови

Цинкот и витаминот Е му помагаат на организмот во борбата против болести, но ако ве мачат желудникот или температура, подобро е да се воздржите од ореви, лешници, бадеми и другите „нивни роднини“. Причината за ова се маснотиите кои телото тешко ги вари, а поради кои желудникот може дополнително да се вознемири и да му ја одземе на организмот енергијата што му е потребна за борба против болести.

Брокула

Настрана благотворните витамини, брокулата е богата со растителни влакна кои не му се пријатели на организмот ослабен од оваа болест. За првите неколку дена од настинка, грип или стомачни вируси, подобро е да ја наполните чинијата со намирници кои лесно се варат за да не губиме енергија непотребно.

Грав

Шеќерите од гравот можат да предизвикаат стомачни тегоби како дијареја, гасови и грчеви. Телото не синтетизира доволно ензими кои ги намалуваат гасовите, па затоа шеќерите не се варат целосно. Затоа, никогаш не јадете грав ако имате болка во желудникот, исто како и интегрални и млечни производи. Заменете ги со овесна каша, бел ориз и банани.

Сиров зеленчук

Покрај тоа што може да го оптоварува организмот со варење на влакната, сировиот зеленчук не се препорачува дури и кога ве боли грлото бидејќи тоа дополнително го иритира. Исто како киселиот цитрус, кој е подобро да се замени со друга храна богата со витамин Ц, барем додека не се смири болката во грлото. За болки во грлото, се препорачува да се јаде мед затоа што спречува кашлање, како и јајца поради цинкот и витаминот Д, кои го зајакнуваат имунитетот.

Фото: Pixabey