5 неочекувани (и вкусни) начини да останете хидрирани во текот на летото

Бидејќи „пиењето повеќе вода“ многу брзо станува здодевно.

0
249

Температурите растат, а тоа значи дека хидратацијата е особено важна за нас.

Одржувањето на хидратацијата секогаш треба да биде цел, бидејќи до 60% од човечкото тело е составено од вода, но потрошувачката на вода е особено клучна во летните месеци кога губиме повеќе течност преку потта. Додека некои од нас ја сакаат водата, па дури и таа им е омилен пијалак, други не го сакаат вкусот или едноставно забораваат да ја пијат.

Еве пет начини да бидете хидрирани ова лето.

Пијте безалкохолно пиво

Алкохолот е познат диуретик, што значи дека ве дехидрира. Иако ќе ви биде тешко да најдете медицински експерт кој би препорачал да изберете пиво со малку алкохол или безалкохолно, наместо чаша вода, постојат докази дека може да помогне во хидратацијата.

Имено, му недостасуваат диуретичните ефекти кои ги предизвикуваат пијалаците со поголема содржина на алкохол. Покрај тоа, содржината на натриум во пивото без алкохол може да го поддржи надополнувањето на електролитите. Но, водата е секогаш најдобра, па безалкохолното пиво може да ви послужи само колку да ја разбиете монотонијата.

Додадете електролити

Електролитите се неопходни за да му помогнат на телото да апсорбира вода. Со додавање на електролити во водата, можете да ја подобрите хидратацијата во телото. Значи, иако не треба да пиете помалку вода, бидете сигурни дека вашето тело ќе биде темелно хидрирано ако пиете вода со електролити. Извори на електролити како калиум, натриум, магнезиум и калциум можат да им помогнат на нашите тела да апсорбираат вода.

Направете водата да има подобар вкус

Ако не ви се допаѓа вкусот на водата, можете да го дотерате. Направете коцки мраз додавајќи суви или свежи билки во водата кои додаваат дополнителни хранливи состојки и се главен подобрувач на вкусот. Босилекот, магдоносот и копарот се особено освежувачки.

Наутро пијте вода на собна температура

Колку и да е освежувачка, на телото му треба повеќе време да ја апсорбира ладната вода. Затоа, почестете се со чаша вода на собна температура веднаш штом ќе се разбудите наутро. Започнете го денот со топла или со вода на собна температура.

Дајте ѝ предност на храната богата со вода

Водата не е единствениот начин да се хидрирате. Постојат разни можности за хидратација со храна, на пример, консумирајте повеќе тиквички и краставици. Тие се исклучително богати со вода, заедно со фолати, витамин А, витамин Ц и калиум. Овој зеленчук ја олеснува летната исхрана, а одлична опција се и летните супи. Тие се прават со мешање на суров или кратко обарен зеленчук. Овие освежувачки и кремави супи му овозможуваат на телото да се хидрира на здрав и солен начин.

Предлагаме грицкање на свеж зеленчук за дополнителна хидратација. Ужинка од пиперки, целер и исечена краставица со вашиот омилен сос. За освежително летно уживање направете си таратур.

Хидратацијата не мора да биде здодевна и ќе уживате во летото многу повеќе ако не сте во постојана состојба на дехидрација.

Фото: Pixabay