5 занемарени извори на протеини и одлична замена за месо

Дали знаевте дека вклучувањето на сто грама наут во вашето дневно мени го намалува нивото на лош холестерол?

0
522

Ништо не може да го замени вежбањето, но за да ги постигнете посакуваните резултати во теретана треба да јадете многу протеини. Тие се важни за градење на мускулите и на сите клетки во организмот.

Треба да знаете дека тие не се наоѓаат само во месото. Напротив, ги наоѓаме и во овие намирници од растително потекло.

1. Киноа

Киноата е добар извор на витамини и минерали како магнезиум, калиум и фосфор. Но е исто така и одличен извор на протеини. За разлика од другите слични извори на не-животински протеини, киноата ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини.

Сто грама киноа содржат 4 грама од оваа важна состојка и приближно 370 калории. Јадете ги наместо бели тестенини, ориз и леб, додадете во салати и од нив можете да направите и некои слатки закуски.

2. Чиа семе

Чиа семето е најдобар доказ дека моќното „оружје“ доаѓа во мали пакувања. Овие минијатурни семиња содржат значителна количина диетални влакна, железо, калциум, магнезиум и цинк. Покрај тоа, тие се одлични извори на протеини и омега 3 масни киселини и се наметнуваат како неизбежна состојка во исхраната на оние кои не јадат храна од животинско потекло.

Две лажици чиа семе содржат речиси 10 грама протеини и може да се додадат во скоро секое јадење. Имајте на ум дека семето набабрува во контакт со течноста, што го олеснува голтањето и варењето. Никогаш не ги јадете суви, туку потопете ги десет минути во вода, млеко, јогурт или нешто слично пред консумирање.

3. Леќа

Леќата е кралица на вегетаријанската исхрана – се јаде илјадници години, а организмот го снабдува со витамини и диетални влакна. Сто грама од овој мешункаст зеленчук содржи дури 9 грама протеини. Пред сè, го намалува крвниот притисок и ја подобрува општата состојба на срцето и циркулаторниот систем.

Направете фина чорба од леќата, послужете ја како прилог со други јадења или додадете ја во салати. За да зготвите вкусна леќа, додадете сол само на крајот на термичката обработка. На овој начин мешунките ќе бидат меки одвнатре и крцкави однадвор.

4. Наут

Наутот има многу импресивен состав. Не само што е богат со протеини, туку е и полн со диетални влакна. Истражувањата покажаа дека вклучувањето на сто грама наут во дневното мени, кое има околу 14 грама протеини, ефикасно го намалува нивото на лош холестерол.

Од наут можете да направите супи и чорби, вкусни салати или намази, како што е популарниот хумус.

5. Путер од кикирики

Сто грама путер од кикирики содржат дури 32 грама протеини. Ако сакате да ги зајакнете вашите мускули, вклучете го во исхраната овој вкусен намаз. Прочитајте ги декларациите и купете тегли кои содржат висок процент на кикирики и избегнувајте ги оние богати со шеќери.

Фото: Pixabay