4 симптоми кои предупредуваат дека вашето тело е полно со токсини

Ако го читате овој текст, можеби имате благо чувство дека нешто не е како што треба. Можеби не се чувствувате добро како порано или храната што порано го задоволувала вашето тело и го полнела со енергија сега го прави токму спротивното.

0
431

Многумина ова го припишуваат само на стареењето, но нашето тело функционира премногу добро за да започне да нè известува дека нешто не е во ред. Дури кога ќе престанеме да ги слушаме „шепотите“ на нашето тело, можат да се појават вистински проблеми.

Балансот е темел на сите нивоа на нашето здравје. Нашето тело е како инструмент што свири – сè се заснова на баланс. Секојдневно предизвикувачите на стрес, како што се токсините, неправилната исхрана, недоволно спиење и негативниот став кон работата или луѓето, ни стојат на патот на постигнувањето баланс и нè фрлаат во токсичен вител. Од суштинско значење е да се поврземе со нашето тело за да можеме да ги слушнеме неговите знаци.

Еве неколку показатели дека во нашиот организам има многу токсини што можете да почнете да ги слушате уште денес:

Честопати ве мачи надуеност

Нашите тела треба да исфрлаат отпад секој ден. Ова вклучува празнење на дебелото црево најмалку еднаш на ден. Ако не се ослободите од отпадот од вашето тело, токсините се враќаат во крвотокот и можат да создадат „хаос“.

Совет: Ако имате проблеми со столицата, обидете се да пиете повеќе вода, да вежбате, земајте некој квалитетен пробиотик или билен чај.

Имате лош здив

Лошиот здив не е само непријатен за вашите соговорници и за вашите сакани, туку може да укаже и на тоа дека сте полни со токсини. Може да биде предизвикан од бактерии во устата кои ослободуваат мириси. Исто така, навестува дека црниот дроб и цревата имаат проблем со елиминирањето на токсините.

Совет: Започнете со средство за чистење јазик за да ги елиминирате бактериите што го покриваат вашиот јазик. Земете свежи билки како магдонос или коријандер кои се фантастични за детоксикација на црниот дроб.

Ви пречат мирисите

Ако имате силни реакции на мириси како парфеми или чад, тоа може да биде предизвикано од токсините во вашето тело. Често стануваме преосетливи на надворешни мириси ако црниот дроб има проблем да елиминира разни токсини од нашето тело. Кога патиштата за детоксикација се затворени, нашите тела и сетила стануваат заострени и можат да предизвикаат реакции како главоболки и мачнини.

Совет: Помогнете му на вашиот црниот дроб со билки како млечен трн и корен од глуварче што можете да го конзумирате во форма на чај.

Вишокот килограми едноставно не се топат

Постојат многу причини за отпор кон губењето на тежината. „Луди“ хормони, неправилна исхрана и претпоставувае, токсините се едни од нив. Токсините како диоксини, ПЦБ и многу пестициди се липофилни што значи дека во нашето тело се хранат со масните клетки. Кога телото е преоптоварено со нив, може да биде невозможно да се отфрли таа дополнителна тежина.

Совет: Од клучно значење е да се осигурате дека телото правилно ги исфрла токсините. Ова значи подобрување на природната способност на телото да го стори тоа и да најде баланс. Некој безбеден начин за чистење или детоксикација може да помогне, но намалувањето на изложеноста на токсини е исклучително важно. Изберете чиста, органска храна секогаш кога е можно и проверете дали добро се потите, одите по голема нужда, се хидрирате и квалитетно дишете секој ден.

Фото: Pixabey