Јајцата им се омилени на многумина од повеќе причини. Не се скапи, а се одличен извор на протеини кои се важни ако се обидувате да ослабнете или да изградите мускули, и можат да се подготват на илјада начини.
Количината на протеини во јајцето варира во зависност од големината, но според Министерството за земјоделство на САД, јајце со средна големина содржи 63 калории и 5,5 грама протеини, додека поголемо јајце содржи 72 калории и 6,3 грама протеини.
Дневната потреба за протеини исто така зависи и од неколку фактори како што е телесната тежина, но насоките се дека 10 до 35 проценти од вкупниот број калории доаѓаат од протеини.
Фото: Pixabay