Состојки:
За тестото:
5 јајца
10 лажици шеќер
1 ванила
150 мл зејтин
150 мл млако млеко
20 лажици брашно
1 прашок за пециво
За преливот:
220 мл млеко
10 лажици шеќер
2 лажици какао
200 г чоколадо за готвење
125 г путер
Малку рум по желба
За валкање:
околу 200 г кокос
Приготвување:
- Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава маслото, млекото и на крај брашното со пецивото.
- Смесата се става во намрсен и побрашнет калап (со пречник од 34 цм.).
- Се пече околу 30 минути на 180 степени во претходно загреана рерна.
Се остава да се излади и се сече на коцки.
- Преливот се спрема на тој начин што се мешаат шеќерот, какаото и млекото и се зовриваат. Се додаваат путерот и чоколадото и се меша додека целосно се стопат. Се додава рум.
- Се остава малку да се олади а потоа се потопуваат коцките и се валкаат во кокос.