3 митови за глутенoт на кои не треба да им се верува

Благодарение на растот на сѐ поголемата медиумска пропаганда, сѐ повеќе луѓе преминуваат на исхрана без глутен за да ослабат, да ја зголемат енергијата или едноставно, за да се чувствуваат поздраво

0
225

Повеќето од нас слушнале за исхрана без глутен, но колку всушност знаеме за глутенот? Станува збор за леплива супстанција која се наоѓа во скоро сите житарки, за која се смета дека е причина за многу здравствени проблеми, особено оние поврзани со дебелината и проблемите со метаболизмот.

Иако исхраната без глутен се препорачува за луѓе кои страдаат од нетолеранција на глутен, сѐ поголем број на луѓе без овие здравствени проблеми го елиминираат глутенот од нивната исхрана.

Ова се најчестите заблуди за глутенот во кои не треба да верувате.

Исхраната без глутен го подобрува варењето на храната

Не постојат сигурни докази дека нашето варење ќе се подобри ако го отстраниме глутенот од исхраната. На крајот на краиштата, целосната елиминација на глутен од исхраната, подразбира значително намален внес на влакна, што може да го забави нашиот метаболизам и негативно да влијае на варењето.

Глутенот е виновен за прекумерната тежина

Ова е уште една заблуда. Глутенот нема никаква врска со вашата тежина. Слабеењето зависи од квалитетот и квантитетот на храната, како и од начинот на живот. Ако не земете предвид што и колку јадете, глутенот нема да има директна врска со вишокот тежина што ја имате.

Храната без глутен е поздрава

Храната без глутен содржи значително повеќе шеќер, сол, заситени масти и калории отколку обичната храна, такашто токму изборот на исхрана без глутен може да доведе до дебелеење, затоа што не знаејќи внесувате во организмот штетни материи. Не постојат цврсти научни докази дека елиминирањето на глутенот од вашата исхрана ќе направи да се чувствувате подобро и поздраво! Може да го намалите внесот на глутен, но ако не сте чувствителни на него, не го отфрлајте целосно од вашата исхрана, бидејќи покрај тоа што предизвикува несакани ефекти, може да доведе и до недостаток на енергија, што ќе ве направи уморни и безволни.

Фото: Unsplash