Не ја измисливме ние, ама топлата вода е закон

Ајурведската медицина вели дека пиењето топла вода помага во подобрувањето на варењето, ги отстранува токсините од организмот и го поттикнува исцелувањето.

0
343

Според ајурведската медицина редовното пиење топла вода може да го подобри нашето варење и да нè ослободи од метаболичкиот отпад.

Топлата вода е универзален растворувач и главна компонента на метаболизмот, сите минерали и елементи во трагови растворени во водата се апсорбираат во крвотокот и продираат до секоја клетка.

Се препорачува да се пијат четири чаши топла превриена вода, а постарите лица и оние со послаб имунитет, ако не можат да пијат четири чаши топла вода одеднаш, можат да започнат со помалку и постепено да ги зголемуваат.

Топлата вода во ајурведата служи како превенција, служи за елиминирање на токсините, кои се најголема причина за заболувањата. Традиционалната ајурведска медицина препорачува неколку чаши топла вода веднаш по будењето, дури и пред миењето и четкањето на забите.

Топлата вода го чисти стомакот и го буди дигестивниот систем. Сега кога во светот постои „пандемија од вируси“, е особено важно да се пие топла вода половина час пред секој оброк. Освен што ги чисти токсините, топлата вода го активира метаболизмот, помага при варење на храната, превенира запек. Водата помага при зголемувањето на мускулните клетки, создавање нови крвни клетки и работа на мозокот.

Сведоци сме дека при секоја главоболка, ако се напиеме чаша или две вода веднаш се смирува болката. Главоболката е првиот знак на недостаток на течност. Ајурведските терапевти велат дека во оваа состојба на пандемија со корона вирусот, луѓето (особено постарите лица) со слаба имунолошка состојба, потребно е да ставаат термофор на нивните бели дробови, абдоменот и превентивно да останат во своите домови.

Фото: Pexels