14 начини на кои можете да го додадете чиа семето во исхраната

Да бидеме искрени, чиа семето е навистина многу здраво, ама само по себе нема никаков вкус. Сепак, може совршено да се вклопи во различни комбинации....навистина вкусни комбинации

0
332

Чиа семето е толку здраво што е вистинска штета ако не ви се допаѓа. Ама тоа сепак не значи дека треба да се откажете од него. Напротив, обидете се да го внесете во исхраната преку различни комбинации затоа што совршено се вклопува во рецептите на некои од најчесто користените пијалоци и намирници, а еве и неколку практични совети како.

Чиа лимонада

Натопете 40 гр (приближно 1/4 шолја) чиа семе во 4 шолји вода. Оставете да отстои 30 минути. Потоа, исцедете го лимонот во таа мешавина. Или, наместо лимон, можете да додадете цеден / сецкан портокал или некое овошје.

Смуди

Направете чиа гел такашто ќе натопите 1 дел чиа семе во 12 дела вода и ќе го оставите да стои неколку часа. Ќе се формира желатинозна маса (гел), која можете да ја додадете во кое било смуди за да го направите погусто и похранливо.

Чиа цереалии

Потопете преку ноќ чиа семе во некое растително млеко (соја, бадем, итн.) Наутро можете да додадете суво овошје и јаткасти плодови.

Замена за јајца

Ако избегнувате јајца во вашата исхрана, меленото чиа семе може да биде добра замена. За да замените едно јајце, изматете лажица мелено чиа семе со 3 лажици вода. Продолжете да мешате додека масата не се згусне. Во сите рецепти кадешто се користи јајце, ова може да го замени – тоа ќе ѝ даде на храната и густина и соодветен вкус.

Овесна каша

Кога подготвувате овесна каша, заменете една лажица овесни снегулки со лажица чиа семе (цело или мелено).

Супа

Чиа семето може да го замени брашното како згуснувач за супи. Неколку часа пред да ја ставите супата да се готви, натопете го чиа семето во вода и направете гел. Потоа едноставно додадете го овој гел во супата за време на готвењето.

Салата и преливи за салата

Наједноставен начин е да поросите чиа семе на веќе направената салата. Можете исто така да го направите преливот за салата поздрав со додавање на цело или мелено чиа семе.

Леб

Ако сами месите леб – на пример, интегрален пченичен или леб од хељдино брашно – додадете чиа семе во него и направете го поздрав.

Тесто за пица

Ако додадете чиа семе во тестото за пица, тоа ќе биде покрцкаво и побогато со растителни влакна (кои недостасуваат во обичното тесто за пица).

Јаткасти штанглици

Тие обично се прават од овесни снегулки, масло, јаткасти плодови, суво овошје и зачини. Во оваа мешавина дефинитивно можете да додадете чиа семе пред да додадете масло или засладувач.

Јогурт

Со додавањето чиа семе во јогуртот ќе му дадете покрцкава структура. Ако сакате да биде помазно, додадете мелено чиа семе.

Џем

Бидејќи чиа семето може да апсорбира многу вода, тоа одлично го заменува пектинот во џемот. Пектинот обично се користи како згуснувач и мора да се помеша со шеќер, бидејќи има горчлив вкус. Ако користите чиа семе како згуснувач за џем (можете да го направите од кое било овошје), нема потреба да додавате шеќер.

Пудинг

Како кога правите чиа лимонада, треба да го натопите семето во течност – можете да користите овошен сок или растително млеко, итн. За да ја добиете вистинската густина на пудинг, додадете поголема количина семе и оставете го да стои подолго.

Чоколадни тартуфи

Се прави основа од смеса од чоколади, обликувајте ја во топчиња и ставете ја во фрижидер. Ако сакате да направите поздрави тартуфи, во растопената мешавина од чоколадо можете да додадете урми, овесни снегулки и чиа семе.

Да се ​​потсетиме накратко зошто чиа семето е многу здраво.

Чиа семето е одличен растителен извор на протеини, здрави масти и растителни влакна. Содржи калциум, калиум и витамини од групата Б. Покрај тоа, чиа семето е полно со антиоксиданти (вклучувајќи хлорогена киселина и кофеинска киселина). Само 2 лажици чиа семе содржат 10 гр растителни влакна и 5 гр протеини. Чиа семето било вообичаена храна на Маите, Ацтеките и Инките. На јазикот на Маите (кечуа), „чиа“ значи – сила.

Фото: Pexels