Денес, во просек, трошиме повеќе калории отколку нашите претци во минатиот век, покажале истражувањата.
Bright Side известува дека иако луѓето се сè посвесни за тоа што го јадат, не е секогаш лесно правилно да се утврдат сите правила на здрава исхрана. На пример, јадењето јаболко во погрешно време, всушност може да предизвика проблеми со цревата, наместо да го подобрите вашето варење. За среќа, овие правила не е тешко да се следат. Еве неколку совети како да изберете соодветно време за јадење на омилените намирници за да извлечете максимум од нив.
Банани
Иако бананите може да изгледаат како добра опција за да го започнете утрото, доколку ги консумирате на празен стомак, тие всушност можат да го намалат нивото на енергија. Отпрвин веројатно ќе почувствувате зголемување на енергијата благодарение на високата содржина на шеќер, но по неколку часа повторно ќе се чувствувате уморни и гладни. Конзумирањето на банани, исто така, може да претставува закана за луѓето кои страдаат од синдром на нервозно црево, бидејќи предизвикуваат диареја.
Ако не сте подготвени да се откажете од јадење банани за појадок, комбинирајте ги со друга храна, по можност со нешто што содржи здрави масти, како путер од кикирики.
Кафе
За многу луѓе, пиењето шолја кафе после будењето се чини како најприродно, но всушност е бескорисно. Истражувањата покажаа дека пиењето кафе пред јадење ја подобрува нашата толеранција на кофеин. Во првиот час по будењето, вашето тело произведува кортизол и најважно е да не го попречувате овој процес и нашите природни биолошки ритми.
Затоа почекајте малку и потоа уживајте во шолјата кафе. Но, имајте на ум дека е подобро да се придржувате до препорачаната дневна доза на кофеин и да не пиете кафе во вечерните часови.
Ориз
Колку и да сакате да јадете суши или индиска храна по долгиот ден на работа, ова можеби не е најдобрата опција. Оризот содржи многу комплексни јаглени хидрати на кои им треба долго време за варење. Ова е добра работа затоа што нè држи долго време полни со енергија. Но, тоа го прави оризот висококалоричен, што потенцијално може да предизвика зголемување на телесната тежина ако јадете ноќе.
Ручекот е најдобро време за вклучување на оризот во вашата исхрана. Вашиот метаболизам функционира брзо во текот на овие часови и ќе му биде лесно да го свари оризот. Покрај тоа, ќе ви треба повеќе енергија за да имате продуктивен ден, а сложените јаглени хидрати можат да ви помогнат.
Шеќер
Подобро е да се држите подалеку од преработен шеќер ако се обидувате да се придржувате до здравата исхрана, но понекогаш е невозможно да се спротивставите на искушението. Клучната грешка што ја правиме е јадењето слатки за ужина. Ова го зголемува нивото на шеќер во крвта, предизвикувајќи ненадејно зголемување и потоа ненадеен пад што ве прави изморен и нервозен.
Ако не можете да одолеете на искушението, дозволете си десерт веднаш по главниот оброк. На овој начин нивото на шеќер во крвта нема да се зголеми драстично.
Млеко
За многумина, навика е уште од детството денот да го започнат со чаша млеко, но оваа навика не делува добро на возрасните. Млекото е тешко за варење, такашто пиењето наутро и неговото комбинирање со друга храна може да предизвика киселини и болки во стомакот. Вечерта е најдобро време за чаша топло млеко, бидејќи помага да се смири телото и го поттикнува сонот.
Месо
Месото е одличен извор на протеини и витамини Б, но може да претставува преголем товар за дигестивниот систем. Затоа е подобро да се избегне јадење стек пред спиење. Избор на посно месо и јадење најмалку 3 часа пред спиење е всушност добра опција бидејќи обезбедува заситеност и не содржи преголема количина калории што може да предизвика зголемување на телесната тежина.
Можете да јадете месо во текот на денот за да добиете доволно протеини. Но, бидете внимателни со она што го јадете наутро затоа што тежок оброк како овој може да биде тежок за вашето тело да го свари.
Јаткасти плодови
Јатките се одличен извор на здрави масти и калории, но уживањето во нив како ноќна закуска не е најдобрата опција. Навистина е здраво да ги јадете, но ако јадете премногу од нив, можеби нема да можете толку лесно да заспиете. Одберете јатки за појадок или меѓуоброк за да ги постигнете сите предности: здравје на срцето, нормализирање на нивото на холестерол, слабеење и зајакнување на кожата и косата.
Сирење со висок процент маснотии
Топол сендвич со сирење пред спиење може да биде многу примамлив, но подобро е да се држите подалеку од вакви производи. Сирењето со висока содржина на маснотии може да биде тешко за варење, што значи дека може да предизвика непријатност и да го наруши сонот ако го јадете во вечерните часови, пред спиење. Од друга страна, консумирањето сирење за појадок му го овозможува на вашето тело многу потребниот калциум кој го поттикнува растот на мускулите и здравјето на коските.
Агруми
Започнувањето на денот со свежо исцеден сок од лимон може да изгледа здраво, но не е така. Агрумите се многу кисели, па со или после главниот оброк го зголемуваат формирањето на киселини што можат да предизвикаат непријатни дигестивни проблеми како што е киселина, чувство на тежина во желудникот и забавување на апсорпцијата на хранливи материи. Почекајте малку после оброкот.
Фото: Pixabey