12 начини да се храните здраво без оглед колку сте зафатени

Направете неколку едноставни позитивни промени во вашиот секојдневен живот што ќе бидат добри за вашето здравје, но исто така и за вашата работа

0
317

Постојат работни денови кога не можеме да си дозволиме да губиме време, но за да работиме успешно со тоа темпо, на нашето тело му треба енергија.

Ако често останувате да работите за време на паузата за ручек и заборавате да јадете ужинка, многу е веројатно дека ќе имате потешкотии да се сконцентрирате и да ги постигнете деловните цели.

Затоа, направете неколку едноставни промени во вашата дневна рутина кои позитивно ќе влијаат на вашето здравје.

1. Не го прескокнувајте појадокот

Додека истрчувате од куќата наутро на состанок, последното за што размислувате е појадок. Но, прескокнувањето на појадокот е поврзано со зголемен ризик од дебелина и дијабетес, како и утрински промени во расположението. Пронајдете неколку идеи за брз, здрав појадок што можете да ги подготвите дома или откако ќе пристигнете во канцеларијата.

2. Олеснете си го купувањето и заштедете време

Во текот на работната недела, веројатно ќе имате малку време да одите по намирници во продавницата. Дознајте за можностите за достава на свежа храна од локалните производители, бидејќи тоа ќе ви заштеди време и ќе ви го олесни купувањето.

3. Подгответе намирници претходната вечер

Една од најдобрите работи што можете да ги направите е да подготвите намирници вечерта пред да одите на работа, особено ако мислите дека ќе имате многу работа за време на паузата за ручек. Но, што ако наутро реткостасувате да направите оброк од намирниците подготвени претходниот ден?
Можете да го решите овој проблем со тоа што ќе одвоите време во текот на викендот за да подготвите оброци и закуски за следната недела. Ставете ги оброците во пластични садови и замрзнете ги и земајте си ги за ручек со вас секое утро кога ќе го напуштите вашиот дом.

4. Инвестирајте во здрави закуски

Погледнете околу вас. Ако немате ништо за ужинка, веројатно ќе поминете часови обидувајќи се да заборавите на гладот ​​- што е уште полошо – посегајќи по нездрави грицки. За ужинка, купете здрави грицки како суво овошје, јаткасти плодови и протеини кои позитивно ќе влијаат на вашето здравје и продуктивност.

5. Не јадете додека работите

Докажано е дека мултитаскингот е погубен за добрата линија. Наместо расеано да џвакате салата додека работите на проект, оставете ја работата настрана и фокусирајте се целосно на оброкот. Но, уште подобро е кога времето е убаво, да јадете надвор и да ги комбинирате придобивките од свеж воздух со уживање во храната. Вашето искуство ќе биде попријатно и ќе се вратите освежени на вашата работна маса.

6. Јадете во друштво

Иако одвлекувањето на вниманието за време на оброкот може да има некои лоши ефекти, дружењето има свои здравствени придобивки. Што е можно почесто, закажете состаноци за време на ручекот за да си обезбедите добар пладневен оброк. Во тоа време, можете да слушате нови идеи од членовите на тимот, да се сретнете со клиенти или да се дружите со колегите.

7. Останете хидрирани

Без разлика дали сте љубител на вода или не, водата е важен фактор за добро здравје. Обезбедете си доволно вода при рака за да останете хидрирани во текот на целиот ден.

8. Изберете здрави опции во рестораните

Кога се одлучувате за ручек надвор, не посегнувајте по брза храна полна со маснотии. Речиси сите малопродажни мрежи имаат снек-барови со „здрави опции“ за привлекување клиенти кои се повеќе свесни за здравјето. Избегнувајте пржена храна и изберете што повеќе зеленчук, супи, салати и овошје.

9. Семејните вечери нека ви бидат приоритет

Времето за вечера е особено важно за секое семејство. Кога и да можете, уживајте во лесен вечерен оброк со членовите на вашето семејство. Ако сте сами, закажете редовни собири со пријатели со кои ќе уживате во здрав оброк. Ова ќе ви помогне да одржите здрава рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот.

10. Мудро купувајте ги намирниците

На зеленчукот, овошјето, млечните производи, месото од живина и јајцата треба да им се посвети најголемо внимание во продавницата и да се избегнува спакувана храна полна со конзерванси.

11. Изберете квалитетна храна

Обидете се да бидете сигурни дека повеќето јадења во вашата исхрана содржат хранливи материи кои ќе ги задоволат сите потреби на вашето тело. Кога е можно, избегнувајте шеќер и „празни“ калории. Запомнете, храната е „гориво“ за вашето тело и ум и е основа на вашата продуктивност.

12. Ограничете го внесот на алкохол

Колку и да изгледа примамливо после работа да се опуштите со чашка пијалок, тоа е еден од најлошите начини да додадете штетни калории во вашата исхрана. Иако повремено еден или два пијалоци нема да ви наштетат, важно е да ја намалите потрошувачката на алкохол, особено ако не сте јаделе храна што има хранлива вредност во текот на денот.

Ако се грижите за вашиот ум и тело, вашата енергија и продуктивност ќе бидат на високо ниво во текот на целиот ден. Ова ќе влијае позитивно на вашето здравје на долг рок, но исто така и на вашиот работен ангажман.

Фото: Pexels