Палачинки од тиквички

0
808

Состојки:
2 шолји тиквички, ситно сечкани
1 1/4 шолји сенаменско брашно
2 лажици прашок за пециво
1 лажица мешавина зачини за пита со јаболка
1/4 лажичка сол
2 поголеми јајца
1 шолја и 2 лажици млеко со ниска масленост
2 лажици стопен путер
2 лажици кафен шеќер
1 лажица ванилин екстракт
1/2 шолја печени сецкани мексикански ореви

Приготвување:
1. Ставете ги сечканите тиквички на чиста кујнска крпа и притиснете ги за да ја отстраните водата од нив. Измешајте ги јајцата, млекото, путерот, кафениот шеќер и ванилата во сад со средна големина. Направете вдлабнатина во средината на сувите состојки и додајте ги влажните состојки и матете додека да се комбинираат добро. Додајте ги тиквичките и оревчињата.
2. Во поголема тава намачкајте масло и загрејте ја на средна температура. За секоја палачинка, ставете по 1/3 шолја од смесата во тавата и пржете додека да се појават меурчиња на површината, од 1 до 3 минути. Потоа превртете ја и на другата страна и пржете уште минутка-две. Ако палачинките брзо ви горат, намалете ја температурата на ринглата. Палачинките се служат топли.
3. За да добиете најдобар вкус, потребно е да ги испечете оревчињата. Ставете ги на хартија за печење во плех и печете на 200 степени околу десет минути. Сечканите или помалите ореви, пак, ставете ги во суво тавче и пропржете на кратко со постојано промешување, 3-4 минути.