11 најдобри намирници за луѓе над 50 години

Не е тајна дека со текот на времето, нашето тело почнува „полошо да работи“. Одредени активности во кои некогаш сте уживале стануваат премногу интензивни, а некои од вашите омилени јадења повеќе не се толерираат од метаболизмот. За среќа, постојат начини да се забави процесот на стареење.

0
625

Урамнотежената исхрана е една од најдобрите работи на кои може да внимавате за да го продолжите животот и да останете што е можно поздрави, според „Healt and Human Research“. Постојат одредени намирници кои се добри за секого, без разлика колку години имаат, но има и такви кои имаат посебни придобивки за луѓето постари од 50 години.

1. Грав

Како што се приближувате кон средната возраст, ризикот од проблеми како дијабетес тип 2 и висок холестерол се зголемува. Додавањето грав во вашата дневна исхрана е фантастичен начин да го намалите тој ризик. Само 3/4 шолја грав или леќа (ако гравот не ви е омилена храна) дневно го намалува холестеролот за дури 5%. Гравот исто така може да го подобри нивото на шеќер во крвта кај луѓето кои веќе имаат дијабетес.

Постојат многу видови на грав, па затоа веруваме дека ќе го најдете оној кој најмногу ви се допаѓа. Исто така, важно е да се запамети, ако купувате грав од конзерва, не заборавајте да го измиете пред подготовката, бидејќи конзервираната храна е полна со натриум.

2. Овесна каша

Ризикот од срцеви заболувања драматично се зголемува откако мажите ќе наполнат 45 години, а жените 55. Затоа, колку повеќе храна за намалување на холестеролот можете да додадете во вашата исхрана, толку подобро. Овесот е одлична храна поради видот на растворливи влакна кои се нарекуваат бета глукан. Овие влакна се врзуваат за холестеролот и го носат надвор од вашето тело наместо да остане во артериите.

3. Јаболка

Јаболката се фантастична диетална храна од многу причини. Тие го намалуваат ризикот од дијабетес помагајќи да се регулираат нивоата на шеќер во крвта. Содржат во просек 5 грама влакна, кои можат да го намалат холестеролот. Тие исто така содржат супстанца наречена кверцетин за која е познато дека го намалува крвниот притисок.

Тие се исто така сигурен извор на витамин Ц, калиум и антиоксиданти. Сепак, најдобро е да јадете домашни, кои не се прскаат со разни препарати.

4. Јаткасти плодови

На солените грицки е секогаш тешко да им се одолее, но кога станува збор за чипс или крекери, со нив внесувате големи количини на заситени масти и натриум, па препорачуваме да ги замените со јаткасти плодови. Истражувањата покажале дека јадењето помал грст мешани јаткасти плодови секој ден го намалува ризикот од срцев и мозочен удар за 28%.

5. Лиснат зелен зеленчук

Најновите истражувања откриле дека луѓето кои јадат многу лиснат зелен зеленчук, како спанаќ или кељ во когнитивните способности, се еднакви на луѓето 11 години помлади од нив, кои не ја консумираат оваа храна.

6. Бобинки

Друга фантастична храна што му помага на човечкиот мозок е секаков вид бобинки. Оваа разновидност на овошје е богата со одредени фитохемикалии за кои се смета дека го зголемуваат протокот на крв во мозокот додека го намалуваат воспалението.

Резултатот е помал ризик од развој на Алцхајмерова болест. Бобинките се одлични и поради нивната висока содржина на влакна и низа витамини и минерали. Ако не можете да добиете свежи бобинки цела година, замрзнатите може да бидат исто толку добри.

7. Јогурт

Јогуртот (особено грчки) може да биде одличен извор на протеини. Тежината на телото има тенденција да опаѓа во подоцнежните години, а студиите покажуваат дека зголемувањето на дневниот внес на протеини во текот на денот може да го забави тој процес.

Јогуртот како бонус содржи многу калциум, клучен за одржување на коскената густина како што стареете. Жените над 50 години и мажите над 70 години треба да обрнат посебно внимание на внесот на калциум.

8. Моркови

Морковот е зеленчук што може да му користи на секој дел од вашето тело, особено на очите, устата, кожата и срцето. Морковот го намалува крвниот притисок и лошиот холестерол, го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето и го намалува ризикот од карцином и кардиоваскуларни болести.

Морковот содржи влакна, витамини А, Б8, Ц, Е и К, минерали како што се железо, калиум, бакар и манган и неколку видови на антиоксиданти, вклучувајќи бета каротен.

9. Цвекло

Ако редовно јадете цвекло, ќе добиете многу витамини А и Ц, како и фолна киселина, влакна и минерали како калциум, калиум, манган и железо. Постојат многу антиоксиданти кои можат да го намалат ризикот од рак.

10. Темно чоколадо

Консумирањето од 30 до 60 грама темно чоколадо на ден всушност може да го намали холестеролот и крвниот притисок, да ја подобри острината на мозокот и да ја заштити кожата од сончеви оштетувања.
Најдобро е да изберете чоколадо што содржи најмалку 70% какао со цел да добиете што повеќе корисни материи и што помалку шеќер.

11. Авокадо

Авокадото е многу вкусен извор на повеќе од 20 различни витамини и минерали, како што се калиум, бакар и витамини Б, Ц, Е и К. Редовното консумирање на авокадо обезбедува внесување на доволна количина на здрави мононезаситени масти и одржување оптимален крвен притисок.

Фото: Pexels