Без оглед на тоа дали станува збор за конзервансите од храната, начинот на одгледување или пак начинот на приготвување, некои намирници се означени како посебно ризични групи кои последично водат до развој на рак. По тој повод, thehealthy.com во соработка со американските онколози составил листа од 10 ризични намирници.
- Обработено месо
Светската здравствена организација на листата од намирници кои се канцерогени ги навела колбасите, сланината, хот дог и шунка. Со консумирањето на наведените намирници се зголемува ризикот од развој на рак на дебело црево. Во дописот од организацијата стои дека само 50 грама обработено месо ги зголемува шансите за развој на ракот до 18 отсто. Главните причинители на ракот во месото се начините на кои е месото обработено. Така посебно ризично е она сушеното или она на кое му се додадени сол или конзерванси.
- Лосос од одгледувачница
Лососот е намирница богата со омега 3 масни киселини и е погоден за контрола на воспаленијата, а се користи и за контролирање на килажата. Во однос на лососот уловен во дивина, лососот од одгледувачниците содржи 16 пати повеќеполихлорирани бифенили, група синтетички вештачки хемикалии, наведуваат од Работната група за заштита на околината. Затоа онкологот, д-р Стивен Џ: Ајсенберг, предлага консумирање на лосос уловен во дивина, а советува печење во маслиново масло.
- Месо од скара
Со приготвување на месо на исклучително високи температури настануваат амини и јаглероводороди кои се по својот состав канцерогени, а обликот на железо кое го содржи месото во комбинација со јагленот создаваат канцерогени причинители, наведува д-р Јоана Бонта.
- Големи количини алкохол
Националниот институт за рак утврдил поврзаност помеѓу консумацијата на алкохол и неколку видови на рак. Така наведуваат дека алкохолот предизвикува карцином на грлото, на хранопроводникот, на црниот дроб, рак на дојки и на дебело црево. Истражувањата кои се занимавале со односот на консумирањето алкохол и настанокот на други облици на рак, како што се рак на јајници, рак на панкреас, на простата, на матка, рак на желудник и рак на мочниот меур дошле до неконзистентни податоци или не нашле никаква поврзаност, наведува д-р Ајзенберг.
5.Транс масти
Течните масла со процес на хидрогенизација стануваат цврсти масти кои во намирниците понатаму се појавуваат како транс масти. Се наоѓаат во маргаринот, крекерите, снегулките, слатките, колачите, чипсот. Како и во сосовите за салати, пржената храна и друго. Американската агенција за храна и лекови во целост ги забранила маслата кои се делумно хидрогенизирани, а кои се главен дистрибутор на транс масти во намирниците. Иако како првичен рок за престанување на производството на храна без транс масти агенцијата Iako je kao prvotni rok za prestanak proizvodnje hrane bez trans masti agencija ја поставила 2018. Година, набрзо го проширила. Така сега, во периодот од 2019. до 2021.година, од производителите очекува дистрибуција на храна без транс масти.
- Пецива
Истражувањето на Универзитетот Тексас потврдило дека консумацијата на храна со висок гликемиски индекс во која спаѓаат пецивата, белиот леб, пченкарните снегулки и експандиран ориз, го зголемуваат ризикот од карцином на белите дробови. Истите намирници доведуваат до забрзан раст на шеќерот во крвта.
- Конзервирана храна
Бисфенолот е хемиско соединение со кое се премачкани конзервите во кое се наоѓа храната, а канероген е и за животните, наведува д-р Антон Билчик. Бисфенолот е предизвикувач на рак на простата и рак на дојка.
- Закиселена храна
Храната која го поминала процесот на киселење содржи неколку канцерогени конзерванси и нитрати, а самата консумација на ваква храна во големи количини го зголемува ризикот од настанување на рак на хранопроводникот и рак на желудникот. Кај жените пак може да доведе до рак на штитната жлезда и рак на јајниците.
- Многу солена храна
Таа може да доведе до развиток на кардиоваскуларни болести, остеопороза, прекумерна телесна тежина. Сето тоа се и можни предизвикувачи на разни облици на рак. Сепак, консумацијата на многу солена храна најчесто се поврзува со развиток на рак на желудникот, на носот, грлото и панкреасот. Најризичната група луѓе се оние над 50 години, како и оние на кои им е дијагностициран дијабетес, наведува д-р Викторија Манакс.
- Вештачки вкусови
Седум синтетички настанати вкусови се повлечени од страна на Американската агенција за храна и лекови затоа што истражувањата потврдиле дека предизвикуваат развој на карциноми. Истражувањата се спроведени над лабораториски животни кај кои подоцна се развил рак.
Фото: Pixabey