10 народни лекови кои всушност функционираат

Некои од овие народни лекови се применуваат и денес, а некои иако звучат навистина чудно, не ве чини ништо да ги испробате

0
312

Нашите баби и дедовци имаа неконвенционални методи на лекување. На прв поглед, некои од нив се многу бизарни, но се всушност – ефикасни. На крајот на краиштата, не ве чини ништо да ги испробате овие стари народни лекови!

1. Суво грозје против артритис

Според овој стар лек на нашите баби и дедовци сè што треба да направите е да го потопите сувото грозје во џин и да го оставите така преку ноќ. Ова ќе помогне да ви се намали отокот и да ви се олесни болката.

2. Целер за лош здив

Според старите народни лекови целерот е единствениот одговор на лошиот здив. Нема потреба да купувате пакетчиња мастики, само ставете малку целер во устата.

3. Лимон против болка во увото

Ако исцедите малку сок од лимон и ја ставите во болното уво, можете да ги ублажите болките во увото. Со сокот од лимон нивото на pH во ушите се стабилизира.

4. Коприва – лек за опаѓање на косата

Листот од коприва содржи високо ниво на протеини, калциум, фосфор, железо, магнезиум и бета-каротен, како и големи количини на витамини А, Ц, Д и Б комплекс, многу од овие витамини и минерали се добри за растот и за одржувањето на косата. Нашата коса е претежно составена од протеини, па не е ни чудо што лисјата од коприва можат да помогнат во зајакнувањето на косата. Само сварете вода, ставете 4-6 лисја коприва во шолја, прелијте ги со водата и уживајте!

5. Маслинки против мачнини при возењето

Сега ова дефинитивно звучи како бабини лекови! Но, всушност има некои факти што ќе ве збунат. Имено, маслинките имаат висока содржина на танини, што може да го запре прекумерното производство на плунка.

6. Сода бикарбона против инфекција на уринарниот тракт

Бабите и дедовците навистина имаат одговор на сè! Еве уште еден врвен совет што е наменет за лекување. Додадете сода бикарбона во чаша вода. И тоа е тоа! Содата го прави мочниот меур поалкален и го спречува размножувањето на штетните бактерии.

7. Суви кајсии за варење

Сувите кајсии се полни со диетални влакна кои му помагаат на желудникот да ја свари храната и спречуваат надуеност.

8. Компири против каснување од пајак

Местото на каснување од пајакот истријте го со исечени парчиња сиров компир. Ставете завој или лента над ова и оставете го да дејствува неколку минути.

9. Масло од лаванда за изгореници

Есенцијалното масло од цветови лаванда е единственото есенцијално масло кое може да се нанесува директно на кожата, па затоа е корисно при благи изгореници, убоди или воспалени акни, чиреви. Посилните изгореници можете да ги лекувате такашто во 1 дцл ладна вода ќе капнете пет капки лавандино масло и ставете пблг натопен во ова на раната.

10. Магдонос против лош здив и надуеност

Џвакањето магдонос ќе ве ослободи од лошиот здив ако непријатниот мирис не е предизвикан од некои посериозни болести. Магдоносот помага при прејадување затоа што ја ублажува надуеноста и го стимулира излачувањето на токсините од телото. Чајот од магдонос релаксира и ублажува главоболки, мигрена, астма, грчеви во стомакот и иритација на мочниот меур. Се препорачува и за мајките кои дојат кога им отекуваат градите. Свеж сок од магдонос може да се користи локално и против забоболка.

Фото: Pexels