10 знаци дека не пиете доволно вода и дека на вашето тело му се заканува дехидратација

Веројатно сте го слушнале правилото дека треба да пиете осум чаши вода дневно, но количината на вода што секој човек треба да ja пие варира. Но најважно е да знаете дека не е само функцијата на бубрежниот систем зависен од вода - туку скоро секој главен систем во вашето тело, вклучувајќи ги и срцето, мозокот и белите дробови

0
664

Иако сите знаат дека треба да ја пиеме потребната количина вода секој ден, повеќето луѓе не пијат доволно вода во текот на денот, бидејќи е попримамливо да уживаат во кафе за време на појадокот и во релаксирачка чаша вино за време на вечерата.

Меѓутоа, кога не успеваме да пиеме доволно за да ја надоместиме загубената течност при мокрење, потење, па дури и дишење, почнуваме да влегуваме во состојба на дехидрација. Дехидратацијата не само што носи чувство на жед – може да има големо влијание и врз функционирањето на целото тело. Еве што треба да знаете.

Колку вода треба да пијам дневно?

Веројатно сте го слушнале правилото дека треба да пиете осум чаши вода дневно, но излегува дека количината на вода што секој човек треба да ја пие варира. На децата и постарите возрасни им треба повеќе вода за да останат хидрирани, вели д -р Смит, клинички вонреден професор на Одделот за ортопедија и рехабилитација, на Универзитетот во Флорида. Луѓето кои земаат одредени лекови, имаат историја на кардиоваскуларни заболувања или неодамна имале вирусни заболувања, исто така, треба да внесуваат повеќе вода.

Едно лице кое тежи околу 68 килограми има околу пет литри вкупна телесна вода, вели д-р Смит. Не е невообичаено многу активна личност да изгуби до два од тие пет литри пот за време на тренинг. За да се спречи дехидрација, треба да се надополни изгубената течност. Најдобар начин да го направите ова е да го слушате вашето тело и да пиете вода кога чувствувате жед. Исто така, треба да пиете вода пред, за време и после каква било физичка активност. Покрај консумацијата на доволно вода, и исхраната со намирници што содржат вода, може да помогне да се надомести изгубената течност.

Покрај потрошувачката на доволно вода, одржувањето на диета полна со хидратантна храна како овошје и зеленчук е уште еден начин да се надомести изгубената течност.

Кои се симптомите на дехидратација?

Кога немате доволно вода во вашето тело, ќе следи дехидрација, затоа внимавајте на овие знаци:

Жед

„Обично кога се појавува жед, лицето е дехидрирано околу 2%“, вели д -р Смит. Тоа значи дека треба веднаш да истрчате до фонтаната и да се напиете вода. Ако не ги слушате сигналите на вашето тело, полека ќе бидете дехидрирани, особено ако се занимавате со физичка активност.

Сува уста

Најочигледниот знак на жед се манифестира преку сувост на усните, јазикот и усната шуплина. Но, ако устата ви е сува, тоа значи дека вашето тело е веќе дехидрирано. Дали некогаш сте претерале со алкохолот и се сеќавате ли колку ви треба вода утрото потоа? Треба да го слушате вашето тело и да ги задоволите неговите потреби.

Сува кожа

Кожата е најголемиот орган и ѝ треба многу вода за да функционира правилно. Сувата и иритирана кожа е еден од првите знаци на целосна дехидрација, што потоа може да доведе до сериозни последици за телото. Покрај тоа, недоволната течност ја намалува способноста на телото да се поти и со тоа да ги исфрли токсините од телото.

Суви очи

Недостатокот на вода се манифестира и преку сувост на очите, кои поради тоа стануваат црвени. Неможноста особено да ги навлажните очите ќе создаде проблеми за луѓето кои носат контактни леќи.

Болки во зглобовите

‘Рскавицата и грбните дискови содржат дури 80 проценти вода. Ако сакате да спречите непријатно триење на коските при секој чекор, скокање, вежбање и трчање, треба да пиете соодветна количина на вода.

Темна боја на урината

Колку повеќе вода имате во телото, толку ќе ви биде побистра урината. Ако има потемна боја, тоа е знак дека треба да пиете повеќе вода.

Чувство на замор

Поспаност, замор и летаргија се дополнителни симптоми на недостаток на вода во телото. Кога пиете несоодветна количина на вода, телото ја „позајмува“ од другите расположливи органи, со што човекот се чувствува лошо и побавно се опоравува од болести.

Напади на глад

Дехидратацијата го мами „мозокот“, па испраќа сигнали до телото дека е гладен. Напади од глад се случуваат во секое време од денот или ноќта, и тоа дури и во сон. Но, консумирањето храна без соодветна хидратација го забавува метаболизмот и поттикнува формирање на масти во телото.

Варење

Киселините се само еден од сигналите за прекумерна количина киселина во стомакот како резултат на недостаток на вода. Водата го навлажнува дигестивниот систем, а соодветните количини ги спречуваат проблемите со дебелото црево, како и појавата на запек.

Намалена потреба за уринирање

Недостатокот на вода во телото влијае и на потребата за мокрење. Ако не одите во тоалет најмалку четири до седум пати во текот на денот, значи дека пиете премалку вода. Потемната боја на урината, исто така, укажува на слаба хидратација на телото.

Запомнете: Не е само функцијата на бубрежниот систем зависен од вода – туку скоро секој главен систем во вашето тело, вклучувајќи го и срцето, мозокот и белите дробови, вели д -р Смит.

Фото: Pixabay