Ќофтенца во сос

Само заради вакви ќофтенца во сос, ќе ви биде жал да се откажете сосема од месо. Рецептот и фотографијата се на нашата читателка Ана Радованац

0
615

Ова јадење многу почесто го правеа нашите мајки и баби отколку ние. Некако како да го подзаборавивме овој преубав рецепт кои го сакаат и малите деца, но и оние повозрасните кои сакаат помеки залачиња.

Состојки:

мелено месо

1 јајце

кромид

ориз

зачини по желба

малку брашно

доматен сос (по можност домашен)

Приготвување:

Ќофтенцата се прават на вообичаениот начин, како и обичните ќофтиња. Се прави смеса од сите состојки, се обликуваат мали ќофтенца и се валкаат во брашно, па се пропржуваат на загреано масло.

Потоа се ставаат во тенџере со сосот од домати и 2-3 ловорови ливчиња и се вари сѐ заедно додека да се свари оризот.