Студијата на научниците од Медицинското училиште Харвард покажало дека земањето порции од 28 грама јаткасто овошје најмалку двапати неделно го намалува ризикот од рак. Не се земени предвид бројни фактори на ризик што можат да доведат до рак, како што се возраста, висината, дебелината, пушењето, дијабетесот и начинот на исхрана.
Во истражувањето се користени податоци од 75.680 жени, а истражувачите ги испитале нивните навики во врска со консумирањето на јаткасти плодови, како што се лешници, ореви, ф’стаци и бадеми.
Освен што имаат помал ризик од развој на рак, луѓето кои често јадат јаткасти плодови, имаат и помала тежина, покажало истражувањето.
Фото: Pexels