Јадете смокви, пијте чај од лисја од смокви

Овие рајски плодови го штитат видот од последиците од макуларна дегенерација, помагаат при еректилна дисфункција, спречуваат рак на дебело црево, ја регулираат столицата, ги јакнат коските и го спречуваат губењето на калциум, добри се за дијабетес, а ги снижуваат и холестеролот и висоикиот крвен притисок и штитат од срцеви заболувања.

0
583

Некои ги сакаат, а некои не, но доколку ги знаете сите здравствени предности од консумирањето смокви, сигурно брзо ќе ги засакате.

Смоквите го поттикнуваат здравјето на целиот организам, а стручњаците сметаат дека можат да решат и бројни здравствени проблеми.

Сушените смокви се достапни во текот на целата година, а во нивниот свеж облик можеме да уживаме токму сега.

Смоквите често се користат како замена за шеќер, а нивниот концентрат може да ги замени пченкарниот сируп и сахарозата.

Смоквите можат да се користат за приготвување на пудинзи, колачи, пекарски производи, џемови, желеа и компоти.

Изобилуваат со витамини и минерали од кои најзастапени се: витамин А, Ц, К, Б, калиум, магнезиум, цинк, бакар, манган, железо.

Смоквите често се користат за лекување на чиреви, апсцеси и болки во ушите. Заради своето алкално својство, успешно ја регулираат киселоста на телото. Богати се со флавоноиди и полифеноли, антиоксиданти кои ги спречуваат оштетувањата предизвикани од слободните радикали.

Смоквите помагаат и при слабеење, бидејќи се богати со влакна и го сузбиваат гладот, а во комбинација со млеко пак, го поттикнуваат. Потоа, за респираторни проблеми, бидејќи лисјата од смокви ги превенираат и ги ублажуваат симптомите на астма. Исто така, тие го штитат видот од последиците од макуларна дегенерација, помагаат при еректилна дисфункција, спречуваат рак на дебело црево, ја регулираат столицата, ги јакнат коските и го спречуваат губењето на калциум, добри се за дијабетес затоа што калиумот од смоквите ја регулира апсорпцијата на шеќерот, а ги снижуваат и холестеролот и високиот крвен притисок и го штитат срцето од заболувања.

Фото: Pexels-Pixabay