Јагоди и домати, темно чоколадо и пармезан и уште некои необични комбинации

Некои необични комбинации на намирници за кои ќе прочитате тука, сигурно никогаш не би ви паднале на ум, ама ако не се плашите од испробување, туку сакате да експериментирате, испробајте барем некои. Ќе ги размениме впечатоците.

0
176

Само затоа што нешто не звучи добро на прв поглед не значи дека не е вкусно. Најдовме десет необични комбинации за кои оние што ги испробале тврдат дека имаат одличен вкус.

Боровинки и стек

Слатки и кисели плодови на стек од говедско месо се специјалитет во Фиренца. Се подготвува густ сос од боровинки и балсамико оцет, кој се прелива преку месото.

Јагоди и домати

Можеби звучи чудно на почетокот, но слатките јагоди им се одличен партнер на киселите домати во салати, супи или на брускети.

Маслиново масло и сладолед

Дали знаевте дека маслиновото масло е популарен вкус на сладолед во Италија? Не мора да одите толку далеку за да уживате во оваа комбинација, наместо тоа, прелијте го вашиот сладолед од ванила со малку од ова масло.

Пилешко и кока-кола

Подготовката на пилешко во Кока-Кола му дава на ова месо дополнителна сладост и лепливост, што ќе ги маѓепса сите сетила. Ова ни е малку сомнително, затоа што не кока-колата баш и не е на списокот на здрави намирници, ама можеби за готвење и вреди да се проба.

Авокадо и чоколадо

Отпрвин помисливме дека е грозна идеја, но потоа се сетивме дека авокадото е полно со здрави масти и е фина и кремаста основа за мус од чоколадо, смути или смеса за мафини.

Темно чоколадо и пармезан

Пред да ги превртите очите, запомнете дека пармезанот и чоколадото делат силен, јаткаст и малку горчлив вкус и добро одат заедно. Стопете ги помеѓу две парчиња леб, и направете сендвич за кој сите ќе зборуваат.

Портокали и маслинки

Слаткиот и цитрусен вкус на портокалот добро одговара на солено киселите маслинки. Оваа комбинација можете да ја користите при подготовка на десерти – на пр. за печење колачи од портокал и маслинки, или како додаток на солени јадења со пилешко или мисиркино месо.

Јогурт и јајца

Јогуртот и јајцата се класична храна за појадок, но тие ретко се спојуваат заедно. Обидете се да искомбинирате поширано јајце со крем од павлака.

Манго и чили во прав

Мангото е слатко, егзотично овошје кое се претвора во возбудлив додаток на маринади, салца и коктели со малку чили во прав.

Сланина и путер од кикиритки

Изненадете го непцето со сендвич со сланина, путер од кикиритки и малку банана.

Фото: Unsplash