Јагоди во џин еднакво на ликер

Сега е сезона на јагоди па ако не сте правеле досега, време е да пробате да ја зачувате неодоливата арома на јагодите во форма на вкусен и ароматичен ликер од јагоди

0
288

Нашиот читател Стефан ни испрати фотографија од својот домаќински ликер од јагоди и не посоветува да го правиме со џин затоа што кога се прави со ракија, како што вели, ќе доминира вкусот на ракијата наместо на јагодите.

Како и да е, ако сепак сакате да го направите онака како што ги правеле овошните ликери нашите предци, употребете бела ракија со проверен квалитет.

Нашиот читател последниве години прави мали количини различни видови ликери со вотка или со џин.

Оваа комбинација од јагоди и џин, навистина звучи одлично.

Самата постапка е едноставна како и со сите други ликери.

Овошјето убаво се мие, се суши и се става во чиста стаклена тегла, се додава шеќер, но не премногу, евентуално, на 300 г јагоди, 150 г шеќер и 500 мл џин.

Теглата треба да се затвори и да се остави на сончево место, на пример, до кујнскиот прозорец и веќе за 3 недели можете да го пробате ликерот.