Јагнешко тавче-главче

Овој вкусен рецепт и фотографијата проследени со интересен опис, ги сподели со нас нашиот читател Александар Темков

0
216

Во ова тавче од главче нема многу месо ама шмекот на јагнешко во ноември е бесценето доживување. Многумина немаат нерви (ги лазат морници) за чистење на свареното главче, како од хорор филм, но тие кои се подготвени за целосно внесување во овој деликатес трпеливо и вешто влетуваат во оваа гастро авантура.

Состојки:

1 јагнешко главче (мевце, јазик и мозок)

вода во која се вареше горново

долгнавест ориз

морска сол

свежо мелен црн и бел пипер

многу нане, свежо и суво

арт дизајн и шмек опција: кратка, но месната изрежана црвена пиперка

И, се разбира, тркалезно eмајлирано тавче за целосно шампионско ноемвриско ‘тавче-главче’.

Се пече во рерна додека не се свари оризот.