Што е поздраво, тиквички или модри патлиџани?

Иако бројките се на страната на тиквичките, комбинацијата на овие два зеленчуци е секако добитна. Можете да ги наполните, да направите мусака, пити, да ги пржите, да ги додадете во салата или да направите прилог, но можете да ги користите и за декорација.

0
1155

И тиквичките и модрите патлиџани се многу здрави и нискокалорични. Имаат многу сличности, но и разлики – пред се во вкусот, што за некои е клучно при изборот помеѓу овие две намирници.

Првото нешто што ќе изненади многумина е дека тиквичките, од ботаничка гледна точка, се овошје. Во секоја друга смисла, тие се зеленчук и едно од омилените прилози за јадења со месо.

Припаѓаат на родот тиква и лесно се одгледуваат. Плодот на тиквичките може да биде многу голем, но тоа не мора да значи дека се поздрави и повкусни. Напротив, секогаш е подобро да се изберат помали или средни тиквички, со потемни нијанси.

И модриот патлиџан треба да биде со средна големина.

Додека модриот патлиџан потекнува од Индија, тиквичките се „населени“ во Мексико и Јужна Америка веќе 7.000 години. Пристигнале во Италија во 19 век, и оттаму доаѓа нивното име – на италијански, тиквичките се нарекуваат „zucca” (на британски англиски – zucchini). Дури 30 имиња за модри патлиџани се пронајдени на санскрит во литературата на древна Индија.
Модриот патлиџан има многу здравствени придобивки: го подобрува варењето, добар е за слабеење, за превенција од рак, анемија, ги храни коските, мозокот, добро влијае врз срцето и дијабетесот.

Од друга страна, тиквичките добро влијаат врз целокупното здравје. Тие помагаат да се спречат разни болести, имаат антиинфламаторни својства и ги намалуваат симптомите на артритис. Тиквичките сигурно ќе ви го зајакнат имунитетот доколку ги консумирате редовно.

Што ги поврзува тиквичките и модриот патлиџан?

И двата зеленчуци имаат висок процент на вода, па затоа се нискокалорични и ќе ве заситат. Тиквичките содржат дури 94% вода, додека модриот патлиџан за нијанса помалку – 92%.
Процентот на маснотии и протеини е сличен – тие содржат околу 0,2% маснотии и 1гр протеини.
Богати се со витамини и минерали.

Може да се подготват на сличен начин

Со комбинирање на тиквички и модар патлиџан во едно јадење, ќе добиете вистинско богатство од хранливи материи и вкусови.
Иако и тиквичките и модриот патлиџан се многу богати со витамини и минерали, сепак можете да проверите кој зеленчук е за нијанса поздрав.

Кој зеленчук е побогат со хранливи материи?

Со внесување 100 гр тиквички, ќе внесете само 16 kcal, а со модар патлиџан 24. Прашањето е – кој е во водство кога станува збор за витамините?

Витаминот Ц е на страната на тиквички – тие содржат 17 мг од овој витамин, што е 28% од дневната препорачана доза. Модриот патлиџан има скромни 2,2 мг од овој витамин.
Кога станува збор за витамин А, тиквичките се значително пред модриот патлиџан. Тие содржат 200 ИЕ, додека модриот патлиџан има само 27 ИЕ.
Тиквичките се исто така побогати со витамини од Б -комплексот – содржат 9,5 мг холин, кој често го вклучуваат во оваа група витамини. Модриот патлиџан содржи 6,9 мг холин.
Тиквичките имаат 29 ммг фолна киселина (витамин Б9), додека модриот патлиџан содржи 22 ммг.
Освен витамини, тие содржат и минерали.

Модриот патлиџан содржи помалку магнезиум – 14 мг, додека тиквичките имаат 17 мг.
Тиквичките содржат 15 мг калциум, во однос на модриот патлиџан, каде калциумот е застапен со 9 мг.
Исто така, тиквичките имаат поголема количина на калиум – 262 мг, додека модриот патлиџан има 230 мг.
Тиквичките содржат 0,2 мг манган, што е 9% од препорачаната дневна доза. Модриот патлиџан исто така има и солидна доза од овој метал – 0,11 мг.

Модриот патлиџан содржи 5,7 г јаглехидрати, што е многу повеќе од тиквичките, кои имаат 3,3 г.

Од тоа, количината на влакна во модриот патлиџан е 3,4 г, за разлика од тиквичките кои имаат 1,1 г. Доброто нешто во врска со модриот патлиџан е што повеќе од половина од јаглехидратите припаѓаат на групата влакна. Го подобруваат варењето, влијаат на здравјето на срцето и го регулираат холестеролот.

Тиквичките се претежно шеќер – 3,39 гр. Тие припаѓаат на групата едноставни јаглехидрати кои лесно се вари. Ова значи дека модриот патлиџан ќе ве држи сити подолго време.

Незаситените масти се многу добри за организмот, а модриот патлиџан има 0,09, а тиквичките – 0,149 г. Заситените масти, исто така, треба да се внесат, но во помали количини – модриот патлиџан содржи 0,04 г, додека тиквичките имаат 0,073 г.

И едните и другите масти треба да се внесуваат, но односот на заситените и незаситените треба да биде 10 спрема 30.

Се чини дека бројките се сепак на страната на тиквичките, но модриот патлиџан подобро ќе ве засити.

Разлики и сличности во подготовката: тиквичките може да се јадат сурови

Тиквичките може да се јадат сурови, додека модриот патлиџан мора да се подготви бидејќи треба да помине низ дехидрација за да не остане горчлив. Затоа, треба да се посоли и да се остави да отстои и да се ослободи горчливиот сок. Тиквичките имаат неутрален вкус, така што може да се подготвуваат и со слатки јадења.

Модриот патлиџан има текстура слична на месото и има моќ да заситува, па затоа е вообичаена во вегетаријанските јадења.

Поради специфичната сунѓереста текстура, модриот патлиџан апсорбира повеќе масло отколку тиквичките при пржење, па би било добро да го оставите на салфетка за добро да се исцедат вишокот маснотии. За да не му ја зголемите калориската вредност, најдобро е да го подготвите на скара.

Препораки за подготовка

Иако бројките се на страната на тиквичките, комбинацијата на овие два зеленчуци е секако добитна. Можете да ги наполните, да направите мусака, пити, да ги пржите, да ги додадете во салата или да направите прилог, но можете да ги користите и за декорација.

Обидете се да го освежите вкусот на веќе вообичаените јадења, како што е мусака, такашто еднаш ќе ставите патлиџан, а другпат тиквички. Тие не се лоша замена за компирот во ова јадење, особено ако сакате да избегнете тешка комбинација од месо и компири.
Меѓутоа, кога станува збор за чорби, тиквичките се неприкосновени.

Сунѓерестата структура на модриот патлиџан апсорбира зачини, па одлично се подготвува со кромид, цимет и свежи зачини.

Ако избегнувате брашно, тиквичките можат да бидат одлична замена за тестенини.

Фото: Freepik