Што е подобро да се пие наутро: џус или млеко? Еве го одговорот!

Органското млеко содржи 75 проценти повеќе бета-каротен, 50% повеќе витамин Е, антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и може да биде поефикасен во борбата против некои видови рак и срцеви заболувања, два до три пати повеќе лутеин и околу 70% повеќе омега-3 масни киселини.

0
486

Чаша свеж сок од портокал одговара на најчестата слика за здрав појадок и за многумина е неизбежен дел од утринската рутина.

Но, дали некогаш сте се запрашале дали е ова навистина најдобриот избор?

Сок од портокал

Една чаша сок од портокал содржи просечно 110 калории и ќе ви обезбеди дневна доза на витамин Ц, антиоксиданс кој ја штити кожата од сонцето и мозокот од опасни материи што се наоѓаат во загадениот воздух. Сепак, премногу сок од портокал може да предизвика оштетување на глеѓта на забите.

Студија спроведена на Институтот за орално здравје Истман на Универзитетот во Рочестер покажала слабеење на забната глеѓ за дури 84 проценти кај луѓето кои пиеле сок од портокал пет дена по ред. Другите овошни сокови имаат сличен ефект поради киселината што ја содржат, а многу полош избор е да пиете разни газирани сокови и енергетски пијалоци.

Млеко

Чаша млеко со 2 проценти млечна маст ќе ви обезбеди 20 проценти од вкупната дневна потреба за протеини и третина од потребната дневна количина калциум.

Истражувањата покажале дека луѓето кои пијат чаша млеко наутро се чувствуваат помалку гладни до ручекот. Калциумот помага во регулирање на хормоните кои ја контролираат телесната тежина и не е „агресивен“ за вашите заби, како сокот од портокал.

Експертите ве советуваат дефинитивно да изберете органско млеко, без антибиотици и хормони за раст, бидејќи таквото млеко ќе ви обезбеди количина на антиоксиданти што ја содржи и сокот од портокал.

Органското млеко содржи 75 проценти повеќе бета-каротен, 50% повеќе витамин Е, антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и може да биде поефикасен во борбата против некои видови рак и срцеви заболувања, два до три пати повеќе лутеин и околу 70% повеќе омега-3 масни киселини.

Експертски заклучок: Пијте млеко за појадок!

Фото: Unsplash