Што е вкусно како мушмула? Па, мушмулата

Освен што е вкусна, мушмулата е и здрава. Го подобрува видот, ги зајакнува црниот дроб и бубрезите, ја подобрува крвната слика, ја ублажува болката во грбот и колената. Исто така се препорачува за вртоглавица, дијареа, орални инфекции, па дури и против импотенција.

0
362

Мушмулите даваат многу здравствени придобивки и можат да се подготват на многу начини. Но прво накусо за составот на мушмулите.

Во 100 грама мушмула има:

88 калории,
0,5 грама протеини,
0,1 грам масти,
1,3 грама диетални влакна,
24 грама јаглени хидрати,
15% од препорачаната дневна доза за внес на железо,
витамини Б1, Б2 и Б3, Ц и А,
минерали калциум, калиум и магнезиум.
Нутриционистите од порталот Health Benefits Times објаснуваат дека плодот од мушмула има и активни растителни компоненти како што се: танин, органски киселини, пектин.

Пектинот делува како природен лаксатив. На овој начин ја брани слузницата на цревата од токсичните материи и го намалува ризикот од појава на запек и развојот на рак на дебелото црево.

Заради витаминот А, кој е од суштинско значење за здравјето на кожата и очите, мушмулите се препорачуваат и за здравје на очите.

Според некои истражувања редовната консумација на мушмули може да го намали ризикот од развој на рак на усната шуплина и белодробен рак. Антиоксидантите содржани во овие плодови се борат со штетното влијание на слободните радикали.

Мушмулите ги содржат и едни од најважните минерали за здравјето, како магнезиум, железо, бакар, калциум и манган. Магнезиумот учествува во синтезата на антиоксидантни ензими, бакарот и железото ни се потребни за синтеза на црвените крвни зрнца.
Калциумот и манганот се клучни за одржување на еден здрав коскен систем, но и за здравјето на срцето.

За берба на мушмулите е најдобро да се почека околу 20 дена по созревањето за да се зголеми нивото на шеќер во нив, истакнуваат експертите од природонаучниот портал Плантеа. Мушмулата најлесно се јаде ако се преполови и со лажица се вади содржината од претходно добро измиеното овошје.

Мушмулата често се користи за подготовка на:

желе,
џем,
домашен ликер,
сируп.

Како десерт, мушмулите често се јадат со урда. Тие се користат и како арома при правење овошни вина.

Мушмула – лековити својства

Мушмулата заради своите хранливи својства може да обезбеди одредени здравствени придобивки. Иранските научници во трудот објавен во 2012 година во Journal of Medicinal Plants Research истакнуваат дека мушмулата традиционално се користи за многу болести и тешкотии, како што се:

дигестивни проблеми,
орална инфекција,
намалување на телесната температура,
хемороиди,
неправилности во менструалниот циклус.

Иако сите овие употреби сè уште не се научно докажани, тие се оправдани со стекнатото искуство.

Помош во синтезата на хемоглобинот

Мушмулите се богати со железо кое е клучен дел од протеинот хемоглобин кој на крвта ѝ дава темноцрвена боја и носи кислород до клетките. Вишокот хемоглобин е од суштинско значење за луѓето бидејќи секогаш сме во опасност да изгубиме дел од крв заради надворешни или внатрешни повреди.

Железото е во мускулното ткиво и е неопходно за снабдување со кислород кој пак е неопходен за нивна контракција. Без железо, мускулите ја губат еластичноста и тонусот, а мускулната слабост може да биде знак за анемија.

Дури 20% од кислородот од крвта го користи мозокот. Така и железото станува клучно за правилното функционирање на мозокот. Доволната количина на крв во мозокот може да ги подобри вашите ментални способности и да создаде нови нервни врски, кои можат да спречат болести како Алцхајмерова болест и деменција.

Недостатокот на железо е главната причина за синдромот на немирни нозе. Тоа е поврзано со мускулни грчеви, симптом на недостаток на железо. Железото помага во лекувањето на несоницата и го подобрува квалитетот на сонот и го елиминира хроничниот замор.

Внесувањето на овошје богато со железо, како што се мушмулите, може да помогне да се обезбеди доволна количина на железо во телото. Ова е особено важно за жените за време на менструацијата кога се губи одредена количина на крв од телото.

Помош при дигестивни проблеми

Диететските влакна помагаат за балансирање на варењето и работата на цревата, а мушмулата е особено богата со нив. Но, со овошје како мушмула не треба да се претерува бидејќи тоа може да предизвика дијареа.

Покрај тоа, влакната помагаат во регулирањето на концентрацијата на лошиот холестерол и шеќерот во крвта, а долгорочното консумирање храна богата со растителни влакна може да помогне да се спречи развојот на хронични болести како дијабетес или срцеви заболувања.

Еве како можете да користите мушмули за лекување на некои болести 

Бидејќи незрелиот плод на мушмулата ја затегнува слузокожата во устата, може да го запре крварењето од непцата и да спречи појава на рани во устата. Ја поттикнува и работата на плунковните жлезди и желудникот, заради што особено се препорачува за постарите лица.

Чајот од мушмула е особено добар за надворешна употреба. Една лажица мелено незрело овошје од мушмули порелијте го со врела вода и оставете да отстои половина час. Пијте цеден чај два до три пати на ден во случај на дијареа или исплакнете ја устата со него ако непцата ви крварат.

Мушмула – несакани ефекти

Веќе рековме дека претерувањето со чај од мушмула може да доведе до дијареа. Исто така, може да доведе до труење со храна и главоболки.

Покрај тоа, семето од мушмула содржи амигдалин, соединение кое се претвора во цијанид со метаболичките процеси. Таа е една од најсмртоносните природни супстанци во светот и затоа семето од мушмула не треба да се јаде.

Исто така, алкалоидите од семките во случај на прекумерна употреба може да доведат до повраќање и отежнато дишење. Ова предупредување особено се однесува на децата кои не треба да јадат мушмули без надзор бидејќи може случајно да ги изедат семките.