Состојки:
200 г шампињони
4 јајца
2 лажици масло
Ж3 кришки стар леб
3 лажици презли
Малку млеко
Сол, црн пипер
Приготвување:
Измијте ги и исушете ги шампињоните, а потоа исечете ги на покрупну парчиња.
Во тенџерче загрејте го маслото и издинстајте ги печурките.
Во тава испржете кајгана од три јајца. Потоа оладете ги и едното и другото и помешајте ги. Во меѓувреме потопете го лебот во чинијата со млеко и додадете го натопениот леб во смесата од печурки и кајгана, згмечете сѐ добро и зачинете со сол и црн пипер.
Од смесата обликувајте шницли, валкајте ги во презли и испржете ги на врел зејтин.
Фото: Pixabey