Шитаке против холестерол, рак и тумори

Кинезите имаат долга историја на употреба на шитаке печурки за медицински цели, па тие станаа азиски симбол на долговечност. По само неколку недели консумирање на оваа печурка, нивото на холестерол се намалува до 25 проценти. Ве интересира повеќе?

0
180

Повеќе од 6.000 години, луѓето ја негувале оваа билка како кралица на здравјето. Во моментов е втора на листата на печурки кои најмногу се одгледуваат. Шитаке печурката е богата со селен, железо, диетални влакна, протеини, витамин Ц, А, Б1, Б2, Б12,…

Холестерол

Сите оние добри работи што се наоѓаат во шитаке, особено еритаденинот, го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Многу луѓе имаат проблеми токму со тоа, а докажано е дека шитаке може да ги спаси. Започнете со домашно лекување на 30 дена. Земајте 50 грама свежо шитаке секој ден (ако можете да го најдете на подобро опремените пазари). По еден месец, префрлете се на сушено шитаке и максимум пет грама еднаш или двапати неделно. Интересно е да се истакне дека со користење на 9 г сушено шитаке на ден, тој го намалува холестеролот за 15% во рок од 7 дена.

Рак

The American Cancer Society, кое се занимава со истражување за ракот, објавило дека печурките шитаке имаат влијание во борбата против туморите и ракот. Се верува дека ова е поврзано со способноста на оваа печурка да го зајакне имунитетот. Шитаке содржи и лентинан, кој го зајакнува имунитетот и добро се бори против инфекциите. Од ова здружение посочуваат дека лентинанот го намалува и забавува ширењето на клетките на ракот со активирање на одредени клетки и протеини кои ја напаѓаат болеста. Инаку, шитаке, како одличен антиоксиданс, му помага на организмот во борбата против слободните радикали, кои може да предизвикаат рак.

Фото: Pixabey