Шеф Маре Јаневска пропеа! (ВИДЕО)

Не, нема намера да ја смени професијата, ама откако со колегите од британската амбасада направиле бенд, одвреме навреме го зема микрофонот и пее. Погледнете го видеото во кое тие изведуваат еден од најголемите хитови на Битлси Let it be

0
532

Маре Јаневска која веќе 13 години, паралелно, е на две работни позиции, менаџер и шеф на Британската Резиденција, освен редовните обврски, многу често знае да излезе од комфор зоната, во потрага по нови искуства.

Најголемо задоволство за неа е кога луѓето уживаат во нејзината кулинарска магија, а особено кога гостите во резиденцијата и лично ќе ја повикаат за да ѝ искажат благодарност за храната и услугата.

Во своето работење досега таа учествувала во хуманитарни настани, часови за готвење и е голем активист. Една од најголемите цели ѝ е да го пренесе своето знаење на децата, на кои им укажува за огромното значење на исхраната за нивното здравје и правилен развој.

Во последно време се посветува на спарувањето храна со пијалоци, но исто така сака да експериментира и презентира спојување храна со музика.

Имено, музиката и фотографирањето се исто така едни од најголемите љубови на Маре покрај креирањето храна. А пред неколку месеци, на прославата на Нова Година, сосема спонтано таа и нејзините колеги од британската амбасада во Скопје, се качиле на сцена и направиле одлична забава.

Оттогаш британската амбасада во Скопје може да се пофали и со свој бенд. По повод 27 години од пријателската соработка помеѓу Британија и Македонија, тие на социјалните мрежи објавија и видео на која го изведуваат познатиот хит од Битлси – Let it be. Во видеото се вклучени и снимки од некои досегашни активности на амбасадата.

Погледнете како звучи кога шеф Маре ќе го грабне микрофонот.

https://www.facebook.com/UKinNorthMacedonia/videos/2672826149662933/