Ако ви се брза и немате време да одите во самопослуга а вашите гости се најавиле дека доаѓаат или само сакате нешто брзо и слатко за себе и за своите најблиски – не мора да барате повеќе – италијанската шарлота со јаболка е еден од оние колачи за кои речиси секогаш ги имате дома сите состојки.
Состојки:
500 грама јаболка (излупени и исечени на дебелина од еден сантиметар)
180 грама просеано брашно
1/2 прашок за пецивож
2 јајца (само жолчките)
130 мл млеко
1 лимон
50 грама путер
100 грама шеќер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
Приготвување:
Откако ќе ги излупите и исечете јаболката истурете врз нив сок од лимон.
Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Во друг сад, изматете заедно две жолчки од јајца, шеќер и ванилин шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи, додадете половина (25 грама) стопен путер и млеко. Кога смесата ќе се соедини почнете да ја додавате смесата од првиот сад и полека изматете ја за да се соединат сите состојки.
Земете тркалезен калап за печење, ставете хартија за печење и премачкајте со путер. Истурете ја смесата и израмнете ја. Земете јаболка и парче по парче, во уреден редослед, поставете ги врз тестото. Растопете го преостанатиот путер (25 грама) и додадете 1 лажичка шеќер во него. Истурете врз наредените јаболка. Печете на 185 степени околу 30 минути. Откако ќе се извади испечената Шарлота, почекајте малку да се олади.
Исечете и поросете со шеќер во прав и / или цимет. Можете исто така да додадете и шлаг.
Фото: Pixabey