Чудотворниот лук и други намирници што го намалуваат холестеролот

Иако повеќето луѓе не му придаваат големо значење на овој проблем, вишокот маснотии во крвта е еден од главните фактори на ризик за васкуларни заболувања што доведува до кардиоваскуларни болести, срцев и мозочен удар.

0
326

Неправилната исхрана – прекумерната потрошувачка на храна од животинско потекло (месо и месни производи, млеко, високо-масни сирења…) и производи базирани на преработен шеќер и бело брашно, нездрав термички третман (пржење, похување) и физичката неактивност се најчестите причини за зголемувањето на маснотиите во крвта.

Лук
Докажано е дека овој лековит зеленчук го намалува крвниот притисок и холестеролот во крвта и спречува формирање опасни тромби. Најефикасен е кога се користи сиров.

Маслиново масло
Го намалува лошиот и го стимулира зголемувањето на добриот холестерол. Спречува претворање на лошиот холестерол во токсичен или „оксидиран“ облик и на тој начин ги штити артериите од плаки.

Куркума
Резултатите од студиите покажуваат дека главната активна состојка на ова зачинско растение – куркуминот го намалува холестеролот и спречува формирање на тромби. Покрај тоа, има силно антиканцерогено дејство.

Грејпфрут
Пулпата од ова овошје содржи пектин кој го намалува холестеролот во крвта и спречува атеросклероза. Сокот ја нема оваа моќ, затоа е важно грејпфрутот да се консумира цел.

Ѓумбир
Го намалува холестеролот и триглицеридите произведени од црниот дроб. Најчесто се користи како зачин, но од овој лековит корен се подготвува и чај. Ја стимулира циркулацијата и ги шири крвните садови што ги снабдуваат рацете и нозете со крв.

Авокадо
Го намалува холестеролот и ги шири крвните садови, а мононезаситената олеинска киселина од авокадото со своето антиоксидативно дејство спречува формирање на штетен ЛДЛ холестерол, кој ги уништува артериите.

Зелен чај
Истражувањата покажаа дека зелениот чај ги намалува триглицеридите и холестеролот во крвта, а со тоа ги штити крвните садови од атеросклероза.

Грав
Откриено е дека само половина чаша варен грав на ден го намалува холестеролот за 10 проценти.

Јаболков оцет
Научно е докажано дека јаболковиот оцет го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата, ги штити срцето и крвните садови, го чисти организмот од токсини, го намалува крвниот притисок и ги регулира нивоата на лош холестерол, масти и шеќер во крвта.

Фото: Pexels