Чудесна вода од суво грозје за прочистување и слабеење

Водата од суво грозје е уникатно средство за чистење на црниот дроб, како и за целосна детоксикација на организмот.

0
1950

Оваа вода може брзо да се претвори во вашиот нов омилен пијалок. Следејќи ја процедурата за само неколку дена, ќе ги забележите промените што се случуваат во вашето тело. Водата од суво грозје ја стимулира активната работа на сите биохемиски процеси во црниот дроб, бидејќи тоа помага за детоксикација и циркулација.

Не е случајно што лекарите го препорачуваат сувото грозје како незаменлив извор на антиоксиданти. Тие го штитат организмот од слободните радикали, кои се причина за речиси сите онколошки заболувања. Ние дури можеме да ја наречеме водата од сувото грозје лек, бидејќи е во состојба целосно да го прочисти црниот дроб. Исто така, штити од кардиоваскуларни заболувања.

Еве како да се направи оваа лековита вода од суво грозје.

Потребни се две чаши вода (околу 400 мл) и 150 грама суво грозје. Препорачливо е да изберете потемно грозје, бидејќи е тоа природно. Во повеќето случаи, светлото грозје е хемиски обработено.

Водата се става во тенџере и се чека да зоврие. Потоа, се става сувото грозје, добро измиено. Оставете го да врие околу 20 минути. Се процедува добро и се пие водата.

Ако сакате да го зголемите ефектот, можете да го оставите сувото грозје потопено во водата на исклучена рингла и покриено цела ноќ. Наутро, течноста се процедува. Задолжително е водата да се загрее пред да почнете да ја пиете.

Терапијата со вода од суви грозје се применува еднаш месечно а трае минимум 4 дена. Примената може да се продолжи и на една недела. Течноста се зема одеднаш, секогаш на празен стомак и не помалку од половина час пред појадокот.

Еве кои се придобивките од консумирањето вода од суво грозје:

  1. го стимулира варењето на храната;
  2. Помага при подобра обработка на хранливите материи во стомакот;
  3. ја намалува киселината во желудникот;
  4. делува корисно на циркулацијата во функцијата на црниот дроб;
  5. Идеална е за слабеење;
  6. Спречува дебелина.

Фото: Pixabey