Состојки:
90 г спанаќ
190 мл растително млеко
250 г шеќер
2 лажици стопено кокосово масло
165 г интегрално брашно
60 г какао во прав
1 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
75 г чоколадо
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Подмачкајте го калапот со димензии од 20х20 сантиметри. Измешајте ги спанаќот и млекото во блендер, истурете ја смесата во сад и додадете ги шеќерот и кокосовото масло.
Во друг сад, помешајте ги брашното, какаото во прав, содата и солта. Додајте ги сувите состојки во течните и измешајте додека не добиете густо тесто. Додадете парчиња чоколадо. Истурете го тестото во подготвениот калап и печете го 35 минути или проверете со чепкалка за заби.
Смесата е за 16 колачи. Потребни се 10 минути за да се подготви и 35 за да се испече.
Фото: Pexels