Состојки за 1 поголема чаша:
2-3 бисквити по ваш избор
1 лажичка растопен путер
50 г маскарпоне
50 мл павлака
1 лажица шеќер во прав (ако не сакате да е многу слатко, изоставете го шеќерот)
1 лажица џем од зрнесто овошје
свежи малини или боровници за украсување
Приготвување:
Здробeте ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер.
Притиснете ја добиената мешавина на дното од чашата.
Помешајте ги павлаката и шеќерот (ако ставате шеќер) и додадете го маскарпонето.
Ставете половина од кремот врз подлогата од бисквит. Ставете лажица џем врз кремот, а потоа и остатокот од кремот. Украсете со свежи малини или боровници.
Ставете го во фрижидер добро да се излади пред да го сервирате.
Фото: Pixabey