Чај од цимет за воспалено грло

Ако имате болки во грлото овие денови, задолжително пробајте го овој чај од цимет - ќе ви помогне и ќе ви олесни.

0
136

Оваа зима, постојано не изненадува со ненадејно високите температури, што им помагаат на бактериите и вирусите да се шират и да преживеат. Ако имате болки во грлото овие денови, задолжително пробајте го овој чај од цимет за да ви помогне и ви олесни.

Состојки:

1 шолја млеко
½ лажичка цимет во прав
½ лажичка ѓумбир во прав
1 лажица мед

Приготвување:

Истурете го млекото во мало тенџерче и ставете го да се загрее, да биде врело, но да не врие. Додадете цимет, ѓумбир и мед.

Оставете да се олади за да биде пријатно за пиење и пијте полека, голтка по голтка.

Фото: Pexels