Чај од куркума за регулирање на притисокот и за чистење на црниот дроб

Куркумата е една од најлековитите и најздрави билки на светот, а често ја нарекуваат и чудо на природата. Има широк дијапазон на здравствени придобивки, но никогаш не треба да се зема на празен желудник

0
481

Од бројните здравствени придобивки на куркумата најпознато и периодов најактуелно е нејзиното дејство против вирусите. Исто така, куркумата е ефикасна и во борбата со бактериите, но и со најтешките болести.

Куркумата содржи куркумин кој важи за многу силен антиоксиданс и одличен природен аналгетик. Куркумата содржи витамини Б6, Б3, фолна киселина, како и минералите калиум, железо и манган.

Куркумата помага и за јакнење на варењето, обновување на цревната флора, чистење на црниот дроб, кај болки од менструација, кај воспаленија. Го стимулира метаболизмот, го регулира крвниот притисок и нивото на лошиот холестерол. Го редуцира растот на новите крвни садови во сите тумори и метастази.

Дневната препорачана количина на куркума изнесува од 3 до 10 грама, со време може да се зголеми уште малку. Значи, отприлика 1 лажица куркума е препорачаната дневна доза за возрасни. За максимален ефект оваа количина би требало да ја земате на дневна база или барем три пати неделно.
Повозрасните лица и децата помлади од 6 години би требало да се намали на пола (1/2 супена лажица) еднаш неделно првиот пат, а потоа да се зголемува до количината која му одговара на лицето. Ако куркумата предизвикува пречки во варењето или несакани реакции, посоветувајте се со лекар.

Внимание: Никогаш не ја земајте куркумата на празен желудник.

Ако се борите со камења во жолчката, би требало да се консултирате со својот лекар  пред да ја додадете куркумата во својата исхрана (куркумата го зголемува производството на жолч и може да ја влоши вашата состојба).

Не ја комбинирајте со лекови против згрутчување на крвта како што се аспирин, ибупрофен или варгарин (мариварин, мартефарин), затоа што куркумата исто така и ја разредува крвта.

Чај од куркума:

¼ супена лажица куркума

1 шолјичка топла вода

Сок од пола лимон

Прстофат цимет

Малку мед

Супена лажица кокосово масло

Приготвување:

Откако ќе ја загреете водата, додадете ги куркумата, сокт од лимон и медот, лажица кокосово масло и добро измешајте. Куркумата ќе падне на дното од шолјичката, такашто додека не ја испиете цела, постојано мешајте за да може да ги искористите сите предности на куркумата. Погрижете се да го испиете чајот додека е сѐ уште топол.

Фото: Pixabey