Речиси е невозможно да се замисли животот без домати, особено во лето.
Сокот од домати може да замени оброк, а одличен е и за оние кои се на диета.
Доматот е многу богат со ликопен и тоа го прави одлична превенција за неколку видови на рак, како што се ракот на дојката, ракот на панкреасот, ракот на дебелото црево и простатата. Кога станува збор за овие малигни болести, за превенција се препорачува една чаша сок од домати дневно.
Толку мала количина сок е богата со многу минерали и витамини и е доволна за да го заштити телото од сите видови несакани ефекти, што доведуваат до појава на најсериозни болести.
Фото: Pexels