Состојки:
250 г кафеав шеќер
100 г црно чоколадо
250 г путер
250 г брашно
4 јајца
1 лажичка цимет
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
малку сол
1 лажица какао
малку сок од лимон
125 мл црвено вино
Приготвување:
Изматете ги путерот, кафеавиот и ванилиниот шеќер, жолчките, циметот, какаото и сокот од лимон додека не добиете пенлива смеса. Постепено додавајте го црвеното вино, а потоа и брашното и прашокот за пециво.
На крај, додадете ги цврсто изматените белки. Подмачкајте го плехот со путер и ставете ја добиената смеса па печете во загреана рерна на 150 степени, околу 50 минути. Тортата премачкајте ја со растопено темно чоколадо.
Фото: Pixabay