Циметот е еден од најстарите зачини што се користи во медицински цели, такашто наоѓаме податоци за неговото дејствување во најстарите индиски свети книги, Стариот завет, како и во египетските, римски и грчки списи.
Во денешно време овој семоќен цимет се наоѓа во колачите, чаевите, маските за лице или коса и слични козметички препарати, а сѐ повеќе се открива и неговата помош во борбата со килограмите.
Од друга страна, денот често го започнуваме со јогурт, го решаваме гладот сред ден или го пиеме додека сме во гужва.
Јогуртот во комбинација со цимет е одличен напиток за почеток, но и за крај на денот. Тој е вкусен и има голема здравствена оправданост. Инаку, овој напиток е составен дел од диетата за слабеење со цимет, а има и повеќекратни ефекти.
Циметот ја регулира количината на шеќер. Го намалува шеќерот без да стимулира прекумерно лачење на инсулин. Редовното провоцирање на инсулин поттикнува таложење на маснотии во организмот. Со употреба на циметот, лачењето на инсулин ќе биде под контрола, што ќе овозможи успешно топење на масните наслаги. Накусо, диетата со цимет го забрзува метаболизмот и ги отстранува масните наслаги. Ви помага да се ослободите од лошиот холестерол во крвта. Бидејќи циметот го регулира нивото на шеќер, на истиот начин ви се намалува и желбата за јаглени хидрати. Ова е важен факт во самоконтрола на исхраната и држењето на диета.
Јогуртот пак е богат со калциум, фосфор, цинк и Б витамини, а млечната киселина од јогуртот ја намалува pH вредноста на цревната флора, што го олеснува дигестивниот процес. Бидејќи лактозата од јогуртот во голема мера се распаѓа со ферментација, пробиотички јогурти може да ги користат и луѓе кои страдаат од нетолеранција на лактоза.
Овие две супер состојки само треба да се измешаат и да се пијат како прв оброк наутро и последен оброк во вечерните часови. Подобра опција е да користите домашен кефир наместо да купувате јогурт, бидејќи се карактеризира со богатство на добри бактерии кои се исклучително корисни за здравјето.
Би било идеално покрај цимет и јогурт во појадокот да вклучите и свежо овошје, и не заборавајте да внесувате доволно течности во текот на денот, или да пиете доволно вода и да избегнувате засладени сокови и слатки. Со оглед на тоа што квалитетен цимет е богат со кумарин, исклучително моќна состојка што може да го оштети црниот дроб, тој никогаш не треба да се конзумира во големи количини. Две лажички се доволни за корисен ефект на циметот врз телото, и тие не можат да му наштетат на организмот – сѐ повеќе од тоа може да биде штетно.
Фото: Pixabey